Душан Наумовски

режисер

Душан Г. Наумовски (8 јули 1938, Битола) дипломирал режија на Театарската академија во Белград (1964), меѓутоа интерес кон театарот и театарската режија искажува многу порано. Во 1956 година ја поставува на сцената на Народниот театар во Битола својата прва претстава – Река без брегови по текст на Иван Ивањи. Отогаш режира на театарските сцени во Македонија, но и вон земјава. Во периодот 1963/64 бил в.д. директор на НТ во Битола, а сиот свој официјален работен век го поминува како режисер во Радио телевизија Скопје/Македонска радио телевизија.

Што се однесува до разновидноста на интересите на Наумовски во областа на режијата, негов особен белег е што тој работи низ разни медиумски области. Освен 62 театарски режии, тој е потписник на ТВ драми (16), ТВ играни серии (8), ТВ документарни серии (4), документарни филмови (7), ТВ музички серии, емисии и преноси, на поголем број радио адаптации и режии на домашни и странски автори, режии на оригинални радио драми за деца и возрасни (30), на краток игран и краток документарен филм (по еден во двете категории) за кои е и повеќекратен добитник на награди од областа на телевизиската и радио продукција.

Во областа на театарската режија, Наумовски работел на сите професионални сцени во Македонија, но режирал и во аматерски театри, на македонски, албански, турски и на српски јазик. Интересот кон драмското дело му е различен и во поглед на жанрот и во поглед на авторите, на правците и на времето од кое се тие: од античката драма до современиот македонски автор, од класиката до модерната, од битовата допостмодерната. Добитник е на четири награди за најдобра режија на МТФ Војдан ЧернодринскиЈунона и паунот (1973, претстава на НТ во Куманово), во 1976 година ја добива за режиите на Соблазна во Шентфлоријанската долина (НТ во Струмица) и за Дервишот и смртта (Турска драма) и за Јас, Халил Гарија (1983, Албанска драма).

Слични Објави