Награда од публиката – од оваа година, повторно на МТФ

Годинава ја вративме повторно наградата од публиката. Како што ветивме, ви ги споделуваме просечните оцени од гласовите на публиката за претставите во официјалната програма на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“.

Највисока просечна оцена (4.83) имаше претставата „Дупло дно“ по текст на Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Останатите претстави ги имаа следниве просечни оцени (оцените се подредени од највисока кон најниска):

  • Ало! Ало! (Театар Комедија): 4.61
  • Диво месо (Албански театар): 4.50
  • Црна дупка (Театар „Антон Панов“ – Струмица): 4.43
  • На дното (Народен театар – Битола): 4.43
  • Франкенштајн (Театар за деца и младинци – Скопје: 4.35
  • Иванов (Македонски народен театар): 4.29
  • Демонот од Дебармаало (Народен театар Штип): 3.95
  • Домот на куклата (Турски театар): 3.81
  • Хеда Габлер (Драмски театар): 3.73
  • Едвард Втори (Театар „Војдан Хаџи Константинов – Џинот“: 2.62

Слични Објави