|

За фестивалот: Марјан Неќак

Марјан Нечак, композитор и режисер: Фестивалот е варница што го разгорува творечкиот пламен на секоја генерација

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ шест децении опстојува како простор каде што уметноста постојано се преобразува. Театарот опстојува во напуштање на познатото и потрага по нови значења. Фестивалот е варница што го разгорува творечкиот пламен на секоја генерација. За мене лично е важно што сум дел од овој контекст уште од моите најрани почетоци и што мојата работа како композитор е препознаена со десет награди на фестивалот. Поважно од наградите е чувството дека сум дел од традиција што трае; секој нов проект е можност да се преиспитаме, да учиме од искуството и да создадеме нешто што продолжува да биде живо и неопходно.

Слични Објави