За фестивалот: Јелена Жугиќ

Ги паметиме и се потсетуваме на најнаградуваните во изминатите шест децении фестивал. Што е за нив МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и јубилејот 60 години? Им благодариме за одвоеното време и искрените мисли.

Јелена Жугиќ, првенка на Драмски театар Скопје
Секој настап на „Војдан Чернодрински” во мене буди возвишена, чудесна возбуда 

60 години МТФ „Војдан Чернодрински” е огледало на развојот на современата македонската театарска сцена. 60 години е ризница на најдобрите театарски остварувања. 60 години е предизвик на секој македонски театарски работник. 60 години го верификува и наградува професионалниот влог и креациите на сите аспекти кои го сочинуваат театарско дело.

Да се биде лауреат, носител на пет актерски награди од кои четири за најдобра главна женска улога и една за најдобра епизодна улога во период од 1997 до 2017 година на МТФ „Војдан Чернодрински”, за мене претставува големо признание и чест, но и сериозна одговорност за секоја моја следна актерска креација. Секој настап на МТФ „Војдан Чернодрински”, пред прилепската публика во мене буди возвишена, чудесна возбуда и задоволство.

Да живее МТФ “Војдан Чернодрински”, чуварот на македонската театарска уметност.


Слични Објави