|

За фестивалот: Бедиа Беговска

Ги паметиме и се потсетуваме на најнаградуваните во изминатите шест децении фестивал. Што е за нив МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и јубилејот 60 години? Им благодариме за одвоеното време и искрените мисли.

Бедиа Беговска, актерка

За мене, МТФ „ Војдан Чернодрински“ претставува заеднички театарски простор во кој се огледа континуитетот во заложбата за создавање на театар, кој постојано треба да еволуира, создавајки мостови меѓу традицијата и актуелните уметнички текови, се разбира
водејќи сметка за оној сегмент од живеењето на театарот кој се вика Публика – без која, бавењето со кој било вид уметност не би имало смисла …
Да се биде лауреат на најпрестижниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е гордост и привилегија која овозможува да се биде во друштво на најдобрите. Сите мои шест награди (од кои пет за најдобра актерска креација, и последната, за животно дело) ги сметам како исклучителни признанија не само за мене, туку и за сите мои колеги и
сите други театарски работници со кои ги создавав најубавите креативни моменти во просторот наречен театар.
Ви го честитам 60 годишниот јубилеј и многу сум среќна и благодарна што и јас имам удел во создавањето на заедничкото театарско соѕвездие, наречено МТФ „Војдан Чернодрински“.

Слични Објави