За фестивалот: Валентин Светозарев

Ги паметиме и се потсетуваме на најнаградуваните во изминатите шест децении фестивал. Што е за нив МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и јубилејот 60 години? Им благодариме за одвоеното време и искрените мисли.

Валентин Светозарев, сценограф:
Фестивалот е индикатор на нашиот актуелен театарски миг – дали е добар
или лош – зависи од нас!

Мојата прва средба со фестивалот „Војдан Чернодрински“ е врзана со мојата прва
професионална претстава. Се работи за една од култните претстави на Народниот театар
Битола – „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Бранко Брезовец. Таа 1988 година ја добив и својата прва награда и тоа за костимографското решение на споменатата претстава. Во тој момент наградата ја протолкував како почетничка среќа.
Од тогаш до денес, скоро без исклучок сум авторски присутен на фестивалот со малку поголема пауза во времето на мојот неколкугодишен работен престој во Санкт Петербург,
Русија. Времето покажа дека не била почетничка среќа.
До денес сум носител на 17 награди (за костимографија,сценографија и рекламен материјал). Од речиси 40-годишната дружба со фестивалот можам да кажам дека тој е несомнено најзначајниот и најрелевантниот театарски фестивал во Македонија. Во рамките на фестивалот сме ги доживеале и сè уште ги доживуваме највпечатливите театарски остварувања. Тој е индикатор на нашиот актуелен театарски миг. Дали тој миг е
добар или лош, тоа зависи зависи од нас.
Но, би сакал да кажам и уште нешто: Дека фестивалот не секогаш го имал потребното
внимание од нас театарџиите, но и од институциите кои се задолжени за тоа. Мислам
дека тоа е сериозна работа која во иднина ни претстои.
Нека ни е честит големиот јубилеј!

Слични Објави