Репертоар: ЕП 3 | Сите награди на фестивалот
Во третата епизода, „Сите награди на фестивалот“ зборуваме со над дваесетина театарски работници кои биле наградени на фестивалот во текот на изминативе 56 години. Ќе зборуваме за тоа кога и со која претстава освоиле награда и дали и какво влијание извршила наградата на нивната кариера. Наши гости се: Благоја Чоревски, Александар Степанулески, Исидор Јованоски, Сара Спиркоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Дејан Лилиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Хакан Даци, Гентијана Рамадани, Наташа Петровиќ, Слаѓана Вујошевиќ, Сабина Мемиши, Александар Михајловски, Марко Трајковиќ, Ќендрим Ријани, Нела Витошевиќ, Дејан Дуковски, Благица Секуловска и Бранислав Николов.