Репертоар: ЕП 6 | Војдан Чернодрински на фестивалот
Оваа епизода ја посветуваме на творештвото на Војдан Чернодрински и неговата нераскинлива поврзаност со фестивалот. Неговото постоење има оставено неизбришливи траги врз историјата на македонскиот театар, а неговите дела сè уште се читаат, неговите драми сè уште се поставуваат, и театарот и фестивалот во Прилеп сè уште го носат неговото име. Во ова епизода зборуваме со Љупчо Георгиевски, театарски режисер кој има освоено награда на фестивалот токму за „Македонска крвава свадба“, со Сашко Насев, професор на Факултетот за драмски уметности и Лидија Иваноска, пензионира актерка, која најголемиот дел од својата кариера го поминува во театарот во Прилеп. Одбројуваме уште два дена до почеток на фестивалот!