Награда за животно дело: Веби Ќерими
Веби Ќерими е истакнат актер, режисер и педагог, роден во 1955 година, во Куманово. Основното и средното образование ги завршил во родниот град. Дипломирал на Факултетот за драмска уметност – Скопје во 1979 година, во класата на професорот и режисер Љубиша Георгиевски. Во 1980 година се вработил во Албански театар – Скопје, каде што активно работел сè до пензионирањето во 2022 година. Во својата професионална кариера како актер реализирал над сто улоги. Театарската критика високо ја оценила неговата креативност во своите осврти за театарските претстави и актерството. Меѓу критичарите што пишувале за неговата работа се: Наџи Ндоци, Муса Рамадани, Лилјана Мазева, Иван Иванов, Петар Багевски и други.
Покрај актерската професија, се занимавал и со режија. Во матичниот театар ја режирал претставата „Човекот што ја виде смртта со очи“ од Виктор Ефтимиу. Во Кумановскиот театар ја режирал „Корени“ од Назми Беќири. Како независни проекти режирал десеттина претстави, меѓу кои: „Социјалистичка Ева“ (автор К. Чашуле), „Итна помош“ (автор К. Челику), „Тетката на Карл“ (автор Томас Брендон), „Полицајци“ (автор С. Мрожек), „Волпоне“ (автор Бен Џонсон).
Во периодот од 1995 до 1999 година бил ангажиран како надворешен соработник при Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во албанската класа под раководство на проф. Љубиша Георгиевски. Од 1999 до 2011 година бил ангажиран како надворешен соработник, професор по актерска игра на Тетовскиот универзитет.
Со својата долгогодишна и плодна уметничка дејност, Веби Ќерими остава значаен и траен придонес во театарската, филмската и педагошката сфера.
Селективна филмографија:
- „Илинден“ – режија Д. Османли;
- „Премиера“ – режија Асо Алексов;
- „Прашина“ – режија Милчо Манчевски;
- „Задоцнета пролет во заборавено село“ – режија К. Бектеши;
- „Можеби“ – режија К. Абдули;
- „Наше маало“ – го игра ликот на Амет;
- „Евлeдија Румелија“ – го игра ликот на Исмаил;
- „Народни албански приказни“.
Селективна театрографија:
- Калигула – „Калигула“ од Албер Ками, режија Димитар Еленов;
- Хенри – „Хенри IV“ од Луиџи Пирандело, режија Амет Јакупи;
- Алексиевич – „Дожд во Уертомонто“ од Р. Шабани;
- Лоло – „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир, режија В. Милчин;
- Горе – „Зоолошка приказна“ од Едвард Олби;
- Станиши – „Дорунтина“ од Исмаил Кадаре, режија Пиро Мани;
- Герара – „Девојка и Смртта“ од А. Дортман, режија М. Кутели;
- Роберт – „Боинг-Боинг“ од М. Камолети, режија Тодорка Кондева;
- Трпе – „Сурати“ од Живко Чинго, режија Бранко Ставрев;
- Д-р Алфред – „Дует за еден“ од Том Кемпински, режија К. Бектеши;
- Арнолд – „Школа за жени“ од Жан-Батист Молиер;
- Лaлуш – „Гоф“ од А. Рашку, режија С. Рушити;
- Зопир – „Црниот Зека патува за Бабилон“ од Имер Шкрели, режија Фадил Хиса;
- Роберт – „Еден живот во театарот“ од Дејвид Мамет (гостување во Призренски театар);
- Мартин – „Шареноокиот“ од Јетон Незири, режија Димитар Еленов (гостување);
- Јозеф Гибрилов – „Касап“ од Николас Билон (гостување во Кумановски театар);
- Лаерт – „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, режија А. Јакупи;
- Гаши – „Полицајци“ од Ентони Н., режија Ш. Истрефи;
- Леци – „Војцек“ од Т. Дервиши, режија Б. Брезовец;
- Сазпортас – „Задача“ од Хајнер Милер, режија Љубиша Георгиевски (Меѓународен проект „Јуфест“ – Црна Гора);
- Мачак – „Хамлет од Долна Мрдуша“ од И. Брчиќ, режија А. Станковски;
- Воденичарот – „Генералот на мртвата војска“, Исмаил Кадаре, режија Дино Мустафиќ;
- Обвинителот – „Балкан Балкон“, режија Арбен Кумбаро;
- Алексиевиќ – „Дожд во Уертемонто“, Ресул Шабани, режија Владимир Милчин;
- Беци – „Лизганица“, Мухарем Шахиќи, режија Ахмет Јакупи;
- Мото – „Сауна“, Руди Шелиго, режија Рахим Бурхан;
- Даут – „Театар Обскур“, Агим Мала, режија Ахмет Јакупи;
- Ил шпил – „Сонцето заоѓа“, Мишел де Гелдеролд, режија Владимир Милчин;
- Професорот – „Љубовта на капетанот“, Ресул Шабани, режија Армандо Бора.
Награди и признанија
- Златна плакета од Албански театар – Скопје;
- Награда за кариера на фестивалот „Етнофест“ во Косово;
- Награда од публиката на фестивалот „Куфест“ во Куманово.
