Изјава за фестивалот: Драган Спасов – Дац

Ги паметиме и се потсетуваме на најнаградуваните во изминатите шест децении фестивал. Што е за нив МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и јубилејот 60 години? Им благодариме за одвоеното време и искрените мисли.

Драган Спасов-Дац, актер

– Малку сум постар од фестивалот – таман колку за на Прочка да ми рече: „Прости ми“. Шегата на страна, фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп беше, е и ќе остане вистинското место за делење мегдан меѓу театарџиите во Македонија. Без мегдан нема напредок. Токму тој простор на соочување е порив за нови победи, нови успеси и нови уметнички предизвици. Секогаш постои дополнителна трема кога станува збор за „Војдан Чернодрински“ – затоа што тука не излегуваш само пред публика, туку и пред историјата на македонскиот театар. И прашањето што секогаш само се наметнува… Ќе застанам ли повторно пред публиката на затворањето на фестивалот?

Слични Објави