|

Жири-комисија на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“

СНЕЖАНА КОНЕВСКА – РУСИ

Снежана Коневски-Руси e родена на 8 декември 1952 г. во Ниш. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Вишата музичка школа (Факултет за драмски уметности − Скопје), на отсекот за актерска игра, во класата на професорите Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски, во 1975 г. (прогласена за најдобар студент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со средна оценка 9,54 − наградена со златен часовник). Од 1978 г. работи во Македонски народен театар − Скопје. Од 1999 до 2001 г. е специјализант на режија на НАТФИЗ, Софија, на пантомима и кореодрама, во класата на Александар Илиев. Актерка со извонреден потенцијал, театарска уметничка од редок калибар, посветена на својата работа, постојано фокусирана да ги едуцира и етаблира и помладите. Снежана Коневски-Руси постојано покажува како е да се живее театарската уметност. Нејзината богата театрографија брои над сто ролји во театарски претстави, повеќе улоги во филмови и телевизиски серии, режисер е и координатор на многу театарски и едукативни проекти, а е иницијатор и креативен координатор на многу други уметнички проекти: Од 1963 до 1964 г. е редовен член на Детската радиодрама во РТС под раководство на Славица Тодорова, како и режисерите: Спасе Нелов, Миодраг Шаурек и Благоја Андреев, со кои се реализираат многу детски радио и ТВ-емисии од едукативен, забавен карактер: „Приказни од лулето“, „Добра ноќ, деца“, „Пссст, Крстословка“; утрински емисии, „Весела вртешка“, многу радиодрами и др.

Од 1972 до 1973 г. е вработена во РТС како спикер-водител во секторот за говорно-уметничка изведба на програмата, каде што заедно со најстарите спикери Оливера Попанкова и Иван Антонов, како и со целата тогашна гарнитура: Попов, Саздов, Беличанец, како директни партнери, и Велкова, Апостолова и др., работи на сите емисии на првата и втората програма на Македонското радио (вести, утрински, пладневен и вечерен радиовесник, како и друг тип емисии од музички и забавен карактер). Творец е на голем број проекти за деца од предучилишна и училишна возраст, како и на поводни програми со Детскиот културен центар – Карпош, Универзалната сала, Дирекцијата за култура и КИЦ (Салон 19,19), меѓу кои: новогодишни претстави за деца, „Играм и пеам за мојата мајка“, „Вреди да се штеди“ и „Оро без граници“. 

Соработува со МРТВ, пред сè, во програмата за деца и млади, во креирање и изведување многу емисии и серии, меѓу кои: „Најпознатите бајки на светот“, „Дајте музика“ и „Големи и мали“, а се јавува и како сценарист и водител на детските музички фестивали „Златно славејче“ во Скопје, „Пинокио“ во Кочани и „Калинка“ во Гевгелија. Долгогодишен соработник е на ФААТ, а потоа и на ДАФ во Кочани, како селектор, член на жири-комисија и уметнички директор. 

Основач и раководител е на ДД Студио „Снешка“ (при Градското собрание, подоцна при ДКЦ „Карпош“), каде што реализира претстави како: „Пепелашка“, „Заспаната убавица“, „Злата Позлатена“, „Снежана и 7-те џуџиња“, „Пинокио“, „Приказни од ковчежето“, „Шашаријада“ и др. Реализатор е и на специјални програми на НВО потпомогнати од Центарот за мултикултурно разбирање и соработка и „Потрага по заедничка основа“, преку спотови и емисии за културно разбирање и толеранција, како и мјузиклот „Заедно“ на македонски, албански, турски и ромски јазик, поддржан од ФАРЕ програмата на Комисијата за култура. Во рамките на активностите со Дирекцијата за култура учествува како Самовила во проектот „Гор јаболко“ (македонски балади, режија: Виолета Џолева), како водител на „Гранични средби на Македонија и Бугарија“, како и како сценарист и водител на концерти на КУД „Орце Николов“ и КУД „Кочо Рацин“, а е и водител на концерти на ансамблот „Танец“ во Македонија и Србија.

 Учествува и на „Струшки вечери на поезијата“ во Струга, преку поетски читања, промоции на книги, песни и стихозбирки на поетите Јачев, Чаповски, Конески, Шопов, Матевски, Чаловски и Сретен Перовиќ. Во својата долгогодишна кариера наградувана е со повеќе награди.

Селективна театрографија:

  • (Најкратки драми на светот, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Пламенка (Прекината одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацег Гломб, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Пелагеја Антоновна/Софија Павловна (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Хор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Мајката (Бледица, 2013), режисер: Кире Георгиев, продукција: Народниот театар „Антон Панов“ − Струмица
  • Мајката (Самовилско јајце, 2011), автор: Исидора Данкан, режисер: Снежана Коневски-Руси, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Љубов Андреевна (Вишновата градина, 2010), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Мајката на Марко Цепенков (Марко Цепенков, 2010), драматизација и режија: Снежана Конески-Руси, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Лисјена Хомендис де Хистангва (Болва в уво, 2007), автор: Жорж Фејдо, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Мајката (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Коферти, режисер: Филип Ле Моан, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Старица (Жени во народното собрание, 2004), автор: Аристофан, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • (Дипломец, 2004), автор: Чарлс Веб; режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Г-ѓа Рисе (Дед лајн, 2003), автор: Ги Фоаси, режисер: Александар Илиев продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Талаша (Писание, 2002), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Баба Добрила (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Г-ѓа Рисе (Дед лајн, 2000), автор: Ги Фоаси, режисер: Александар Илиев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Жената на бакалот (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Французинката (Еригон, 1999), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Трагичарката (Т… љубов моја, 1998) (авторски проект), автор: Валериј Петров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Хор, Жаби Слугинката (Мелница, 1998), автор: Аристофан, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Директорката (Мелница, 1996), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Бабата, Девојката (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Сестра Ана (Бунт во домот за старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Хекуба (Хекуба, 1994), автор: Еврипид, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
  • Спировица (Народен пратеник, 1993), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Османли, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Соланж (Слугинки, 1993), автор: Жан Жене, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Скок преку кожа, 1992/93), автор: Томе Арсовски, режисер: Ѓорѓи Трајанов, продукција: Народен театар − Штип
  • Гона, Девојката (Големиот Чичко, 1992/93), автор: Васе Манчев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар − Штип
  • Мумијата (Соната на сеништата, 1992), автор: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Клодина (Жорж Данден, 1992), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Индијанката Дакота Кид (Беше тоа на Дивиот Запад, 1992), автор: Драгана Бошковиќ, режисер: Димитрие Осмали, продукција: Театарот за деца и младинци – Скопје
  • Гона (Големиот Чичко, 1992), автор: Васе Манчев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар − Штип
  • Шашле од Зашле (Кралот Кускуле Први, 1991), автор: Васил Пујовски, режисер: Душан Наумовски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје
  • Нела (Крајот на играта, 1991), автор: Семјуел Бекет, режисер: Горан Тренчоски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Романката (Зора на истокот, 1991), автор: Горан Михиќ, режисер: Душко Наумовски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Мома македонска (Бразда, 1990), режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје (драма, опера, балет)
  • Гусарот (Вртимушка, 1990), автор и режисер: Афродита Кирјаковска, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Кралицата Маргарита (Ричард Трети, 1990), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхан, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Нина (Галеб, 1990), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Лоби (Посета на старата дама, 1990), автор: Фридирих Диреман, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Еѓупката (Еѓупка, 1989), режисер: Рахим Бурхан, продукција: Театар „Пралиле“ 
  • Иванка (Црвенкапа, 1990), автор: Александар Поповиќ, режисер: Димитар Христов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје
  • Девојката (Пуста земја, 1989), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица
  • Принцезата (Рекламна бајка, 1989), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Сара (Рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Метресата (Забуни, 1989), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Девојката (Пуста земја, 1989), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица
  • Девојката (Антица, 1988), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Цвета (Црна дупка, 1988), автор: Горан Стефановски, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Смилка (Револуционер, 1988), автор: Братислав Димитров, режисер: Ацо Алексов, продукција: Народен театар „Антон Панов“ − Струмица;
  • Ифигенија (Сенката, 1988), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица
  • Антонија (Дон Кихот, 1987), автор: Михаил Булгаков, режисер: Златко Свибен, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Војникот фалбаџија, 1987/88), автор: Тит Палут, режисер: Валдемар Шмигашијевич, продукција: Народен театар – Куманово
  • Невестата (Малограѓанска свадба, 1986), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владимир Цветановски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Љубимката (Големиот брилијантен валцер, 1986), автор: Драго Јанчар, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Рамна земја, 1985), автор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Селина (Слободни врски, 1984), автор: Мајкл Велер, режисер: Ајвин Луис, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Нале (Среќна нова ’49, 1984), автор: Гордан Михиќ, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Мери, ангорска мачка (Воена тајна, 1984), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Душко Наумовски, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Шулко (Кршалнига, 1983), автор: Васе Манчев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Ходел/Хава, мјузикл (Свирач на покрив, 1983), автор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар − Скопје;
  • Пенка (Макавејските празници, 1983), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Новинар (Јулие Цезар, 1982), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје 
  • Лусил (Граѓанинот благородник, 1982), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Димитар Христов, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Пафтен појас, 1981), автор: Миле Поповски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Ирина (Лов на диви пајки, 1979), автор: Александар Вампилов, режисер: Александар Дунаев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Агафја Тихоновна (Женидба, 1979), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Ана Комнена (Алексијада, 1978), автор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Стојанка (Чорбаџи Теодос, 1978), автор: Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Данка (Скок преку кожа, 1978), автор: Томе Арсовски, режисер: Ѓорѓи Трајанов, продукција: Народен театар − Штип
  • Слепата девојка (Крчма под зеленото дрво, 1977), автор: Петар Ковачевиќ, режисер: Владимир Стрниско, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Благовеста (Студенти, 1977), автор: Бранко Пендовски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Отепувачка, 1973), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје 
  • (Славата и смртта на Хоакин Муриета, 1976), автор: Пабло Неруда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Царот (Андрокле и лавот, 1976), автор: Џорџ Бернард Шо, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Агамемнон и Електра, 1976), автор: Есхил и Софокле, режија: Димитар Христов, продукција: Народен театар – Битола
  • Детето Кинез (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Ана (Ана Франк, 1975), автор: Ф. Алберт, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Шинел, 1975), автор: Н. В. Гогољ, режисер: Никола Аслимовски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Наде (Потоп, 1974), автор: Бранко Пендовски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Таа (Димна Јуда, град градила, 1974), автор: Душко Наневски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар − Скопје
  • Босилка Кочоска (Ѕидот, водата, 1973), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Фриц фон Калб, Хенри Гонтард, Христијане, Лоте Цимер (Хелдерлин, 1973), автор: Питер Вајс, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Војникот фалбаџија, продукција: Народен театар – Куманово
  • Касандра (Агамемнон и Електра) режисер: Димитар Христов, продукција: Народен театар − Битола
  • Невестата Маја (Змејовите заминуваат) автор: Југослав Петровски, режија Виолета Џолева, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, Велес
  • Невестата (Килиба), автор: Југослав Петровски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
  • (Окованиот Прометеј), режисер: Виолета Џолева, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
  • Хекуба (Хекуба), автор: Еврипид, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
  • Иванка (Црвенкапа), режисер: Димитар Христов, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје
  • Шашле од Зашле (Кускуле Први), автор: Васил Пујовски, режисер: Душко Наумовски, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје
  • Индијанката (Беше тоа на Дивиот Запад) режисер: Димитрие Османли, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје
  • Ветрушка (Како се станува цар), актер и режисер, продукција: театарче „Мира лектира“
  • Цвета (Грдата Цвета), актер и режисер, продукција: театарче „Мира лектира“
  • Принцеза (Со најкренат нос принцеза), актер и режисер, продукција: театарче „Мира лектира“
  • Мајката (Мајка и син), автор: Јан Фосе, режисер: Оливер Митковски, продукција: МКЦ, Скопје 

Селективна филмографија:

  • Рајна (Вистинска љубов, ТВ-филм, 2016), автор: Сашко Насев, режисер: Јани Бојаџи
  • Невена (Звукот на светлината, ТВ-филм, 2002), автор: Душко Атанасовски, режисер: Томислав Алексов
  • (Премиера, ТВ-филм, 1983), автори: Милан Банов, Коле Чашуле, Аљоша Смилјановски, режисер: Ацо Алексов
  • (Прва вечер), режисер: Димитрие Османли

ТВ-серии избор:

  • Рајне (Трето па машко, 2011)
  • Тетка Летка (Народни приказни, 2009)
  • Лимбе (Погрешно време, 2009-2010), режисер; Драган Вељановски
  • Флоренс Најтингејл, Бароница (Еурека, 1993)
  • (Тврдокорни, 1992)
  • (Македонски народни приказни, 1991)
  • Сестра на Аска (Залез над езерската земја, 1973), автор: Томе Арсовски, режисер: Благој Андреев.

Режии, проекти и реализации – избор:

  • 2023 – коосновач на ЗГ АРТ КУЛТ-УРА! – здружение за промоција, афирмација на изведувачки уметности (реализирани едукативни, интерактивни претстави – „12 божикни денови“, „Еко Енко Роденденко“, „Распеана турлитава“, „Приказни од ковчежето“ и др.)
  • Коосновач на фестивалот за пантомима и физички театар во МНТ – „ПАНФИЗ“
  • 2023 − Еврејската заедница – „Сеќавања“ − одбележан ЕДЕК европскиот ден на еврејската култура со драмско-музички проект реализиран во Музејот на холокаустот − драматизација на трите книги стенограми на Мориц Романо и режија – учесници – актери; Петар Горко и Снежана Конески-Руси (драматург, актер и режисер) 
  • 2020 – „Љубовни ноти“, сценски перформанс, организација: Црвен крст (сценарио и водител)
  • 2019/2020 – „Кој го успа Дедо Мраз“ новогодишна претстава за деца (текст и режија)
  • 2019 – „ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – 6. Меѓународен драмски инклузивен фестивал – МНТ (голема и мала сцена) со гости од Србија (Белград и Јагодина) БиХ –Тузла, Романија – Клуж, Бугарија – Софија
  • 2019 – инклузивна балетска претстава „Пепелашка“ (режија, со балетското студио „Еурека“ во инклузија со лица со ПП, продукција: МОБ)
  • 2019 − Црвен крст и сѐ е можно – „Љубовни ноти“ (сценарио, водител) 
  • 2018 – 5. Меѓународен драмски фестивал на лица со или без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – театар без дискриминација (уметнички директор, сценарист, режисер)
  • 2018 – Музеј на холокаустот –„Раскажи ми приказна“ (драматизација, актер, режисер) − одбележување на Европскиот ден на еврејската култура во Македонија − ЕДЕК
  • 2018 – ТЕАТАР ВО ВИЗБА – претстава, мјузикл со волонтерите на Црвениот крст, со хуманитарен карактер за пациенти на хематологија (текст и режија) 
  • 2017 – ИГРИ БЕЗ МАСКА – театар без дискриминација, 4. Меѓународен драмски фестивал – МНТ (уметнички директор)
  • 2016 – јубилеј 15 години балетско студио „Еурека“ (режија), МОБ
  • 2016 – Европски ден на еврејската култура во Македонија – драматизација на „Роман во слики“ (режија, актер), „Колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш“ − МНТ
  • 2016 − МНТ – 3. Меѓународен драмски фестивал „ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – театар без дискриминација – (уметнички директор, сценарист, режисер), МНТ (мала и голема сцена)
  • 2015 – Црвен крст и сѐ е можно – 70-годишен јубилеј на Црвен крст на Град Скопје во Театар Комедија (сценарио, режија)
  • 2015 – Национален драмски фестивал за лица со или без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“, театар без дискриминација (уметнички директор, сценарио, режија), Драмски театар
  • 2015 – Песна, оро, стих, драма – 50-годишен јубилеј на Лилјана Стоилковска Андовска со НУ ансамблот „Танец“ во МОБ (сценарио, актер водител, режисер)
  • 2015 − Европски ден на еврејската култура „МОСТОВИ“ (сценарио, актер, режисер), МНТ
  • 2015 − 2. Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“, театар без дискриминација (организатор и уметнички директор), МОБ и МНТ
  • 2014 –„Јазична работилница“ – претстава на членовите на Школата за драмски актери од ОУ во Општина Карпош (текст и режија) и учество на првиот Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА “ – театар без дискриминација), МОБ
  • 2011 – режија на проект во основните училишта на Општина Карпош „Нашиот остров“, од Трајче Кацаров, Школа за драмски актери – Општина Карпош
  • 2016 − „Приказна за една идеја“, сценарио и режија (актер заедно со Томе Витанов, Андре Динан и волонтери на Црвениот крст): продукција: Театар Комедија, Скопје
  • 2016 –„Новогодишна екосказна“ (текст, актер, режија) 
  • 2014 – режија на претставата „Солунски патрдии“ со членовите на школата од ОУ во Општина Карпош
  • 2014 – новогодишен проект „Снежната кралица 2“, МНТ (текст, актер, режисер)
  • 2013 – Европски ден на еврејската култура во РМ „Јудаизмот − аманет на природата“ (текст, режија, актер)
  • 2013 − одбележани 40 години уметничко творење со претставата „Вишник“ од Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Ѓоргиев, во рамките на Скопско културно лето
  • 2013 – Снежната кралица“, новогодишна претстава за деца − МНТ (текст, актер, режија) 
  • 2013 проект „Училница мачилница“, талент-шоу за ученици во основните училишта во Општина Карпош (сценарио и режија)
  • 2012-13 − новогодишен проект во МНТ (текст и режија) под наслов „Тимоти Твидл“ – првиот помошник на Дедо Мраз
  • 2012 – проект во основните училишта на Општина Карпош, сценарист и режисер „Наши години“ (македонско народно творештво-Цепенков)
  • 2012 – двојазичен проект на Црвен крст на општините Центар и Гази Баба, „Погодете кој доаѓа на вечера“– сценарист, режисер и актер
  • 2012 – „12 божиќни денови“, новогодишен проект за децата со посебни потреби под покровителство на Црвен крст и МНТ − сценарист, режисер и актер
  • 2011-2012 – МНТ – текст и режија на театарска новогодишна претстава „Новогодишен сон“
  • 2011-2013 – проект „Македонија наш дом“, мултикултурна манифестација под покровителство на АОПЗ и ОБСЕ (водител)
  • 2011 – режисер на проектот во основните училишта на Општина Карпош – „Заедно“
  • 2011 – проект „Мрежа за мултикултурно општество во РМ“ – носител Црногорската заедница во РМ, под наслов „Да живееме еден со друг, не еден покрај друг“, сценарист и режисер
  • 2011 – текст и режија на претстава за деца во МНТ „Самовилско јајце“, со што и официјално е отворена детската сцена во МНТ
  • 2011-2012 – новогодишен проект на МНТ и Универзална сала, „Дедо Мраз на Марс“ (текст и режија)
  • 2008 – 10 години од МОЗАИК програма на двојазични групи во градинки во РМ под покровителство на НВО „Потрага по заедничка основа“ – сценарио и режија
  • 2007-2013 кастинг-директор на ТВ-програма за деца во регионот на Југоисточна Европа – на каналот „Минимакс“, натсинхронизација на анимирани филмови за деца и млади; натсинхронизација на филмови на македонски јазик: „Гумениот Тарзан“, „Десперо“, „Штрумфови 2“ во „Синеплекс“
  • 2007 – Европски ден на еврејската култура во Македонија, театарски проект – сценарио, режија и актер-водител – Куршумли ан
  • 2006 – сценарист, режисер и актер во новогодишниот проект на МНТ и МКЦ „Божиќен колач на пријателството“ – претстава
  • 2000–2004 – уметнички раководител на Драмата на МНТ, период искористен за поинтензивна соработка на двете институции МНТ и МРТВ (огледан преку снимање на сиот репертоар на претставите на МНТ, снимање рекламни ТВ-спотови за маркетиншко покривање, подготовка на специјални емисии за нивните активности (премиери, гостувања, фестивали)
  • Режисер – регионален проект − „Волшамба“, автор: Трајче Кацаров, поддржан од ФАРЕ програмата на Министерството за култура на РМ, на македонски, албански, турски и ромски јазик
  • Асистент-режисер на „Цар Самуил“ во Операта на МНТ
  • Асистент-режисер на „Жени во народното собрание“ во Драмата на МНТ, 2004 г.
  • Режисер – Свечено отворање на Мајските оперски вечери – за животот и делото на Верди.

Останато:

  • Од 1963 до 1964 г. е редовен член на Детската радиодрама во РТС под раководство на Славица Тодорова, како и режисерите: Спасе Нелов, Миодраг Шаурек и Благоја Андреев со кои се реализираат многу детски радио и ТВ-емисии од едукативен, забавен карактер: „Приказни од лулето“, „Добра ноќ, деца“, „Пссст, Крстословка“; утрински емисии, „Весела вртешка“, многу радиодрами и др.
  • Од 1972 до 1973 г. е вработена во РТС како спикер-водител во секторот за говорно-уметничка изведба на програмата и заедно со најстарите спикери Оливера Попанкова и Иван Антонов, како и со целата тогашна гарнитура: Попов, Саздов, Беличанец, како директни партнери, и Велкова, Апостолова и др. учествува во сите емисии на првата и втората програма на Македонското радио (вести, утрински, пладневен и вечерен радиовесник, како и друг тип емисии од музички, забавен и водителски карактер)
  • Творец е на голем број проекти за деца (од предучилишна и училишна возраст), поводни програми со Детскиот културен центар — Карпош, со Универзалната сала, Дирекција за култура, КИЦ (Салон 19, 19): новогодишни претстави за деца, „Играм и пеам за мојата мајка“, „Вреди да се штеди“, „Оро без граници“
  • Соработка со МРТВ, пред сè, во програмата за деца и млади, во креирање и изведување многу емисии и серии: „Најпознатите бајки на светот“, „Дајте музика“, „Големи и мали“
  • Синхронизација на цртани филмови и ТВ-проекти, образовни и контактни емисии и сл.
  • Сценарист и водител на детски музички фестивали: „Златно славејче“, Скопје, „Пинокио“, Кочани, „Калинка“, Гевгелија
  • Долгогодишен соработник на ФААТ, па ДАФ, Кочани: како селектор, член на жири-комисија и уметнички директор
  • Основач и раководител на ДД Студио „Снешка“ (при Градското собрание, подоцна при ДКЦ „Карпош“) со претстави: „Пепелашка“, „Заспаната убавица“, „Злата Позлатена“, „Снежана и 7-те џуџиња, „Пинокио“, „Приказни од ковчежето“, „Шашаријада“ и др.
  • Реализатор на специјални програми на НВО потпомогнати од Центарот за мултикултурно разбирање и соработка и „Потрага по заедничка основа“ – спотови, емисии за културно разбирање и толеранција, како и мјузиклот „Заедно“ на македонски, албански, турски и ромски јазик, поддржан од ФАРЕ програмата на Комисијата за култура
  • Активности со Дирекцијата за култура: Самовила во проектот „Гор јаболко“ (македонски балади, како актер, режисер: Виолета Џолева), „Гранични средби на Македонија и Бугарија“ (водител), концерти на КУД „Орце Николов“, КУД „Кочо Рацин“ (сценарист и водител), водител на концерти на ансамблот „Танец“ (во Македонија, Србија)
  • „Струшки вечери на поезијата“ – Струга (поетски читања, промоции на книги, песни, стихозбирки на поетите: Јачев, Чаповски, Конески, Шопов, Матевски, Чаловски, Сретен Перовиќ …)

Награди:

  • Трета награда на анонимен отворен конкурс за монодрамски текст „BIVIR BIVIR“ (Да живееш, да преживееш), во Домот на култура − Битола (2024), излезена во печат книгата „Слободата живее тука“.
  • Награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за најдобро актерско остварување за улогата на Маргарита во претставата „Ричард Трети“, 1991 г.
  • Награда „13 Ноември“ на Град Скопје за 20-годишен актерски опус, за активно учество во јавните манифестации, во градот и Републиката, за водителство и презентерство на македонската култура надвор од границите на нашата земја (Бугарија, Германија, Шведска, Грција), 1992 г.
  • Награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за епизодна улога за Слепата девојка во претставата „Крчма под зеленото дрво“, 1976 г.
  • Награда на весникот „Млад борец“ за успешен млад актер за улогата на Девојката во претставата „Димна Јуда, град градила“ и за монодрамата – „Ана Франк“, 1974 г.
  • Награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2025 година.

ДАРКО ЛУКИЌ

Дарко Лукиќ е академски истражувач, пeдагог, консултант и практичар од Хрватска, кој живее во Германија и работи низ Европа. Тој е независен експерт во програмата „Културни маршрути“ на Советот на Европа за периодот 2022–2026 година, како и член на експертскиот тим на COST – Европската мрежа за наука и технологија од 2023 година до денес. Бил дел и од експертскиот, мултидисциплинарен тим на програмата „Градење капацитети за европските престолнини на културата“, AEIDL – Европска асоцијација за локален развој во Брисел (2019–2022). Бил регионален координатор за EURODRAM (2019–2024).

Како гостин-професор предавал во Хрватска, Словачка, Шпанија и во Германија. Во академската кариера бил редовен професор на Академијата за драмска уметност при Универзитетот во Загреб, на Одделот за продукција (2002–2018), како и гостин-професор на Филозофскиот факултет во Загреб на докторските студии по театар, филм, книжевност и култура (2006–2018). Како гостин-професор предавал и на Универзитетот Карл-Франзенс-Грац (Австрија), на Институтот за славистика (2013/2014), како и на Институтот за уметности – Барселона, Меѓународниот постдипломски центар за проучување на културата при Универзитетот „Јустус Либиг“ во Гисен, Академијата за музика и изведувачки уметности во Братислава и на Семинарот за славистика при Филозофскиот факултет во Хале. Како обучувач и едукатор одржувал предавања и работилници во Бразил, Бугарија, Костарика, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Романија, Словенија, Шпанија, Тајван, САД, Обединетото Кралство и Венецуела.

Бил ментор и обучувач во програмите за развој на публика и градење капацитети во рамките на „Риека 2020 – Европска престолнина на културата“, како и едукатор во европската програма ADESTE+ за развој на публика. Неговото образование опфаќа диплома по компаративна книжевност и филозофија, магистратура по драматургија и докторат по театрологија. Тој е и сертифициран TQ обучувач (Teaching Intelligence – едукатор за едукатори) и дизајнер на онлајн образовни курсеви. Како Фулбрајтов стипендист, го реализирал своето преддокторско истражување на Tisch School of the Arts при Универзитет во Њујорк, а се усовршувал и на Институтот за театарска антропологија при Универзитетот во Копенхаген, Европската академија за култура и менаџмент во Салцбург, како и на многубројни семинари и обуки во Европа, САД, Јужна Америка и Азија.

Неговото професионално искуство вклучува функции како уметнички директор на драмата во Народниот театар во Сараево, уметнички директор и управител на Театар ИТД во Загреб, како и позициите продекан и заменик-декан на Академијата за драмска уметност при Универзитетот во Загреб. Бил член и на повеќе управни одбори на културни институции во областа на драмата, театарот, развојот на публика и меѓународната соработка.

Автор е на многу научни трудови од областа на драмата и театарот, како и на книгите „Драма на воената траума“, „Театарот во својата средина – театарски идентитети“, „Вовед во театарската антропологија“ и „Вовед во применет театар“ (преведена и на полски јазик во 2021 година). Уредник е на балканското поглавје во „The Routledge Companion to Applied Performance“ (2021), а учествувал и како автор на поглавје во книгата „Theatre in the Context of the Yugoslav Wars“ (Palgrave Macmillan, 2018).

Библиографија:

Книги 

  • “Wstep do teatru stosowanego” Akademia Sztuk Teatralnych, Krakow, Poland, 2021
  • “Introduction to Applied Theatre”, Leykam International, Zagreb, 2016,
  • “Introduction to Anthropology of Performance”, Leykam International, Zagreb, 2013.
  • „Theater in its Enviroinment, vol 2. Intermediality and Interculturalism in theater“, Leykam International, Zagreb, 2011.
  • „Theater, Culture, Transition“, Hrvatski Centar ITI, Zagreb, 2011.
  • „Theater in its Enviroinment, vol 1. Theater Identities“, Leykam International, Zagreb, 2010.
  • “Theater Production and Marketing, Second Edition”, Hrvatski Centar ITI, Zagreb, 2010.
  • „The War Trauma Drama“, Meandar, Zagreb, 2009.
  • “Theater Production and Marketing”, Hrvatski Centar ITI UNESCO, Zagreb, 2006.

Научни текстови и поглавја во книги

  • “Croatian National Theater in Zagreb and Its Audiences”, in Croatian National Theatre in Zagreb – 130 Years of the Building, Školska knjiga, Zagreb, 2025.
  • “The Fall of a Person and the Rise of the Ethics: The Exile Plays by Ivana Sajko”, in Theatre in Exile, Theatre Institute Bratislava, 2024.
  • “Croatian cultural policy in transition: a quarter of a century lost”, in Miscelleanea Posttotalitariana, Wratislaviensia, Wydawnictwo Uniwersytetu Wrocławskiego, Wrocław, 2024.
  • “Rethinking the Theatre in Context of the ‘New Normal’”, in Creativity and Innovations of Theatre,Media and Culture, Belgrade, 2023.
  • “Theatre, Bellet and Opera” in Survey of the Cultural Development and Cultural Policies in the Republic of Croatia, Zagreb, 2022.
  • “Meeting the Challenges-A paradigm shift in Audience Relations”, in Inside and Out, Zagreb, 2022
  • “The Balkans”editor in The Routledge Companion to Applied Performance, 2021
  • “Performing the Otherness: Representation of the Invisible communities in post-conflict and post-communist societies, in The Routledge Companion to the Applied Performance, 2021
  • “Media technologies and new theater”, chapter in book in “Digital Age; Mass Media and Digital Culture”, Sveučilište u Zadru, Medijska istraživanja, Zagreb/Zadar 2021.
  • “Spatial and Cultural Migration, memory in exile” in Imaginationen von Transkulturalitaet und Geschlecht, Wiesbaden, 2021
  • “Sociely Responsible Theater Production” in Performing Arts Between Politics and Polcies, Belgrade, 2020.
  • “Engagiertes Theater – ein Abkommen zwischen Ethik und Aesthetik”, in Macht der Kultur, Cetinje 2020.
  • “Strategies for Challenging Official Mythologies in War Trauma Plays” in “Theatre in the Context of the Yugoslav Wars”Palgrave Mcmillan, 2018.
  • “Inclusive Practices at the International Performing Arts Festivals (konowledge transfer and agenda setting in international cooperation)”, Cultural Diplomacy, Balgrade, 2017.
  • “Invisible audiecens – neglected groups of audience in Croatian Theatre” Dani hvarskog kazališta, Zagreb/Split 2016.
  • “Theatre Education and Students with Disability”, Journal of Teaching and Education, 2015.

Награди:

  • Награда за најдобра книга од областа на театарските студии на Меѓународниот фестивал МЕСС Сараево, 2017
  • Награда „Teatro del Mundo 2014“ за книгата „Seven Contemporary Croatian Plays“ во Аргентина
  • Гран при на фестивалот БИТЕФ, Белград, 2011, за драматизацијата „Столот на Илија“ („Elijah’s Chair“) според романот на Игор Штикс, Југословенско драмско позориште, Белград, Србија, 2010
  • Награда за најдобра драматургија на фестивалот Мала сцена, Риека, 2011, за драматизацијата „Столот на Илија“ („Elijah’s Chair“) според романот на Игор Штикс, Југословенско драмско позориште, Белград, Србија, 2010

АИДА БУКВИЌ – театарска и филмска режисерка, професорка на Академијата за драмски уметности во Загреб

Аида Буквиќ е родена во Загреб, каде што завршила класична гимназија, како и студии по театарска режија на Академијата за драмска уметност. За својата дипломска претстава „Клопче“ од Перо Будак, во 1999 година ја добила наградата на Деновите на сатирата, а истата година претставата била номинирана и за Наградата на хрватското глумиште за најдобра претстава во целина.

Оттогаш до денес режирала повеќе од триесет претстави во Хрватска и Босна и Херцеговина. Меѓу нив се издвојуваат: „Што е маж без мустаќи“ (ХНК Загреб), „Во посета кај господин Грин“ (Планетарт, Загреб), „Ништо не смее да нè изненади“ и „Ангели и ѓаволи“ (Сатирично казалиште Керемпух), „Југ 2“ и „Осум жени“ (ХНК Осиек), „Аристотел во Багдад“ (Камерен театар, Сараево), „Деца од Си-ен-ен“ и „По пробата“ (ГД Хистриони), „Приказна од источната страна“ (БНП Зеница и САРТР, Сараево), „Кој го урна Берлинскиот ѕид“ (БНП Зеница), „Покондирена тиква“ (НП Тузла), „Бели дробови“ (Театар Егзит), „Комета“ (ДК Гавела), „Констелации“ (ОЛЈК и Театар Егзит), „Забава во манастир“ (ГК Комедија), „Небо од гума“ (ХНК Вараждин), „Будење“ (ОЛЈК и Театар Егзит), „Госпоѓица Јулија“ (ХНК Осиек и ГК Винковци), „Глава на лав“ (Дубровнички летни игри), „Жаба“ (ХНК Сплит), „Почеток“ (Театар Егзит) и „Животот е сон“ (КМД, Дубровник). Нејзините претстави се повеќепати наградувани и изведувани на домашни и на меѓународни фестивали.

За драматизацијата на романот „Што е маж без мустаќи“ од Анте Томиќ, во 2002 година ја добила наградата на Марулиќевите денови, а претставата била наградена и како најдобра во целина. „Ангели и ѓаволи“ од Ф. Хаџиќ била прогласена за најдобра кабаретска претстава на Денови на сатирата во 2002 година.

Во 2008 година, во ГД Хистриони, ја поставува претставата според текст на својот татко Амир Буквиќ „Деца од Си-ен-ен“, која на Марулиќевите денови ја добила наградата од публиката, а на Фестивалот на актерот во Винковци била прогласена за најдобра претстава во целина. Според истиот текст го режира и својот прв долгометражен филм „Деца од Си-ен-ен“.

За филмот „Деца од Си-ен-ен“ ја добила наградата „Вечерњаков печат“ во категоријата култура и сцена за 2022 година.

За режијата на претставата „Бели дробови“ била номинирана за наградата „Хрватско глумиште“ во 2017 година. Претставата „Констелации“ во 2019 година на Фестивалот на актерите ја добила наградата „Вања Драх“ за најдобра претстава во целина.

Во 2021 година претставата „Глава на лав“ била наградена со наградата „Орландо“ за најдобра претстава во целина.

Буквиќ е редовна професорка на Одделот за актерска игра при Академијата за драмска уметност во Загреб.

Слични Објави