Добитник на награда за животно дело: Јордан Витанов

Јордан Витанов е професионален актер и првенец на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес. Роден е на 13 јануари 1958 година во с. Грнчиште, Велешко, Македонија. По завршувањето на Средното економско училиште „Јовче Тесличков“ во Велес, се запишал на Факултетот за драмски уметности во Скопје – отсек драмски актери во класата на проф. Љубиша Георгиевски. Дипломирал со претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, кај проф. Слободан Унковски. Витанов е член на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од 1976 година, а и по пензионирањето е редовно на сцената. На матичната сцена остварил повеќе од 100 улоги. На театарските сцени во Македонија има одиграно дваесетина улоги и тоа во театрите во Штип, Куманово, Струмица, Кавадарци и
во Скопје. Член е на поетскиот театар „Скрб и утеха“ каде што има одиграно повеќе улоги. Со театарот „Скрб и утеха“ има настапувано на многу неформални простори во Македонија и во македонската дијаспора – во Мала Преспа (Албанија), Пиринска Македонија (Бугарија).
Витанов беше директор на Театарот во Велес во два наврати – од 1999 до 2002 година и од 2006 до 2017 година, а е еден од иницијаторите за формирање на ИФАД „Стоби“.

Театарски улоги (селективна театрографија)

  • „Хамлет од Долно Дивјаци“ од Иво Брешан, режија Душан Наумовски , улога: Јоце/Хамлет;
  • „Пoследниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, режија Димитар Станкоски, улога: Курта Воперџијата;
  • „На сечило“ од Бранко Варошлија, режија Душан Наумовски, улога: Корен;
  • „Пречистување“ од Сашко Насев, режија Златко Славенски, улога: Софијан;
  • „Крчма на патот за Јевропа“ од Жанина Мирчевска, режија Коле Ангеловски, улога: Содо Арамијата;
  • „Електра“ од Еврипид, режија Стојан Стојановски , улога: Орест;
  • „Џинот и седумте џуџиња“ од Дејан Дуковски, режија Александар Поповски , улога: Сељако, Огледалото;
  • „Антигона“ од Софокле, режија Стојан Стојаноовски , улога: Креонт;
  • „Ревизор“ од Гогољ, режија Димитар Станковски, улога: Градоначалникот;
  • „Прикованиот Прометеј“ од Есхил , режија Виолета Џолева, улога: Прометеј;
  • „Полицајци“ од Славољуб Мрожек, режија Љубиша Георгиевски , улога: Аѓутант;
  • „Ифигенеја во Авлида“ од Еврипид, режија Љубиша Георгиевски, улога: Ахил;
  • „Адвокатот Патлен“ од Непоознат автор, режија Димитар Станковски, улога: Тибо;
  • „Соната воо а-мол“ од Југослав Петровски, режија Димитар Станковски, улога: Ангелот;
  • „Бакхи“ од Еврипид, режија Стојан Стојановски, улога: Гласникот;
  • „40 маченици“ од Христо Бојчев, режија Димитар Станковски, улога: Фетисов;
  • „Елешник“ од Југослав Петровски, режија Димитар Станковски, улога: Стефан Стариот;
  • „Ојдип Тиранин“ од Софокле, режија Стојан Стојановски , улога: Ојдип;
  • „Бајка за мртвата царска ќерка“ од Николај Кољада, режија Љупчо Ѓорѓиевски , улога: Максим;
  • „Филоктет“ од Хајнер Милер, режија Мето Јовановски , улога: Филооктет;
  • „Лисистрата“ од Аристофан, режија Љупчо Ѓорѓиевски, улога: Водач на хорот;
  • „Провинциски плејбој“ од Душан Јовановиќ, режија Владимир Талески, улога: Пандолфо;
  • „Вообразен болен“ од Молиер, режија Благојче Божиновски, улога: Арган;
  • „Хамлестија“ од Шекспир, Софокле, режија Александар Ивановски, улога: Хамлет, Орест;
  • „Галилео“ од Мауро Пасери, режија Роландо Макрини, улога: Галилеј;
  • „Проклетството на изгладнетата класа“ од Сем Шепард, режија Никола Ристов, улога: Вестон;
  • „Да се заборави Херострат“ од Григориј Горин, режија Зоја Бузалковска, улога:
    Тисаферн;
  • „Х-хамлет“ од Шекспир, режија Васил Зафирчев, улога: Клавдиј;
  • „Птици“ од Аристофан, режија Стојан Стојановски, улога: Прометеј;
  • „Мушичка“ од Анџело Беоко Руцанте, режија Никола Ристов, улога: Менато;
  • „Генерална проба за самоубиство“ од Душан Ковачевиќ, режија Стојан Стојановски , улога: Капетанот, Бизнисменот, Психијатарот;
  • „Шашардисани времиња“ од Благоја Ристески Платнар, режија Стојан Стојановски, улога: Страхил;
  • „Ноќите во бел сатен“ од Братислав Димитров , режија Ненад Витанов , улога: Благој;
  • „Кралот Лир“ од Шекспир, режија Звездана Ангеловска, улога: Лир;
  • „Тартиф“ од Молиер, режија Никола Ристов, улога: Оргон;
  • „Приказни од шестиот кат“ од Драги Михајловски, режија Деан Дамјановски, улога: Судијата;
  • „Ана Комнена“ од Сашо Димоски, режија Ненад Витанов, улога: Алексеј Комнен;
  • „Свадбата“ од Ален Бол, режија Софија Ристевска, улога: Свилен;
  • „Слуга на двајца гоосподари“ од Карло Голдони, режија Ненад Витанов, улога: Џовани;
  • „Татко“ од Флоријан Зелер, режија Ненад Витанов , улога: Андре;
  • „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристески Платнар , режија Љупчо Ѓорѓиевски, улога: Евзакиј;

Улоги во други театри

  • НТ, Штип
  •  „Добриот доктор“ од Нил Сајмон, режисер: Елена Баева, улога: Чехов;
  •  „Глоговиот џбун“ од Братислав Димитров, режисер: Стојан Стојановски, улога: Мето;
  •  „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, режисер: Стојан Стојановски, улога: Војводата;
  •  „Адвокатот Патлен“ од непознат автор, режисер: Ненад Витанов, улога: Тибо;
  • НТ, Куманово
  • „Магбет“ од Вилијам Шекспир, режисер: Стојан Стојановски, улога: Магдаф;
  •  „Лазаревото писмо“ од Живко Чинго, режисер: Љубиша Георгиевски, улога: Арсе;
  •  „Суд“ од Коле Чашуле, режисер: Владимир Талески, улога: Дрен;
  •  „Интрига и љубов“ од Фридрих Шилер, режисер Љупчо Ѓорѓиевски, улога: Градоначалникот;
  • НТ Струмица
  •  „Феничанки“ од Еврипид, режисер: Стојан Стојановски, улога: Гласникот;

Поетски театар „Скрб и утеха“ – Скопје
• „Раскрилување“ режисер: Тихомир Стојановски, улога: Духот на Рацин;
• „Т’га за лебедот“ од Григор Прличев и Тихомир Стојановски, режисер: Владо Денчов, улога: Арнаутин;
• „Дрвеница“ од Владимир Мајаковски, режисер: Владо Денчов, улога: Бајан;
• „Ќелавата П“ од Ежен Јонеско, режисер: Владо Денчов, улога: Господин Смит;
• „Сердарот, засекогаш љубов“ од Тихомир Стојановски, улога: Скомрахот;
• „Чернодрински експрес“ од Тихомир Стојановски, режисер: Јордан Витанов, улога: Кондуктерот;

Независна театарска трупа
• „Венко“ од Благоја Ристески-Платнар, режисер: Благоја Ристески-Платнар,
улога: Ченто;
Театарски режии
• „Шуаби ап“ од Жанина Мирчевска;
• „Лонг Плеј“ од Горан Стефановски;
• „Полковникот“ од Габриел Гарсија Маркез;
• „Железно пиле“ од Благоја Ристески-Платнар;
• „Богбахусово преображение“ од Окрајски;
• „Хамлет од Долна Бошава“ од Иво Брешан;
• „Пасивно пушење“ од Небојша Ромчевиќ;
• „Чернодрински експрес“ од Тихомир Стојановски;
• „Епископ Словенски Климент“ од Томе Арсовски (радиодрама);
• „Арсениј“ од Благоја Ристески-Платнар (радиодрама);

Филмски и телевизиски улоги
• „Македонската миланска скала“
• „Во Влашкото маало“
• „Сербез Донка“
• „Македонија може“
• „Погрешно време“
• „Еурека“
• „Проколнати“
• „Заборавени“
• „На Балканот не се пие чај“
• „Последниот фалцер“
• „Мостот“
• „Цимери“
• „Тврдокорни“
• „Последниот Македонец“
• Македонски народни приказни
• „Бистра вода“
• „Куќен притвор“
• „Среќна Нова ’49“
• „Пред дождот“
• „Големата вода“
• „Јас сум од Титов Велес“
• „Елегија за тебе“
Награди
• Награда за најдобра главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ во 1992 година за улогата на Содо Арамијата во претставата „Крчма на патот за Јевропа“.
• Награда за најдобра машка улога на ИФАД „Боспорски агони“ во Керч, Украина, во 2002 година за улогата на Филоктет во претставата „Филоктет“.
• Награда за најдобра главна машка улога на ИФАД „Стоби“ во 2007 година за улогата на Тисаферн во претставата „Да се заборави Херострат“.
• Награда за најдобра главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ во 2013 година за улогата на Благој во претставата „Ноќите во бел сатен“.
• Награда „9 Ноември“ (2002)
• Награда за животно дело „Гемиџии“ (2016)
• Награда за животно дело „Петре Прличко“ (2023)

Слични Објави