Жири-комисија на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“
М-р Јанко Љумовиќ(1971) е вонреден професор на Факултетот за драмски уметности во Цетиње од 2001 година. Од 2008 до 2015 година бил директор на Црногорско народно позориште и министер за култура во Владата на Црна Гора 2016 и 2017 година. Автор, уредник и коуредник е на преку десет стручни монографии, книги со есеи и зборници. Неговото основно поле на работа е во сферата на современата театарска продукција на претстави и фестивали, менаџмент во културата, како и културните политики.
Милош Латиновиќ (1963) е книжевник, директор на театарот „Битеф“, како и директор на еден од најзначајните српски фестивали „Битеф“. Во својата книжевна кариера, освен романи, пишува и раскази, драмски текстови, поезија, есеи, студии и книжевни прилози. Неговите дела покрај тоа што се наградувани, преведени се и на повеќе јазици: на англиски, унгарски, словачки, словенечки, романски и македонски јазик.
Мирослав Мики Радоњиќ (1971) е театролог, театарски критичар и рецензент. Член е на Здружението на театарски критичари и театролози на Србија од 2003. година. Работел и како уредник на списанието „Сцена“ во издание на „Стеријино позорје“, како и на списанието „Војвоѓанска сцена“ во издание на Позоришни музеј Војводине. Тој е директор на големиот српски фестивал „Стеријино позорје“.