Јавен повик за кандидати за уметнички директор на Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Врз основа на Одлуката на Надзорниот одбор бр. 30/11 од 19.11.2026 година, а во врска со член 22 од Статутот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп (пречистен текст од 18 септември 2026 година), а со цел прибирање кандидатури за предлагање кандидати за уметнички директор на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, Надзорниот одбор на Фестивалот објавува
за кандидати за уметнички директор на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Надзорниот одбор на Фестивалот ги повикува заинтересираните кандидати да ја претстават својата уметничка визија и програма за неговиот натамошен развој и да достават кандидатури за предлог за уметнички директор на Фестивалот.
- УСЛОВИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Право на пријавување имаат истакнати културни работници од Република Северна Македонија со документиран придонес во театарската уметност или во сродни области на културното творештво и дејствување релевантни за работата на Фестивалот.
Кандидатот не мора да биде претставник на конститутивна членка на Собранието на Фестивалот.
- КРИТЕРИУМИ ЗА СООДВЕТНОСТ НА КАНДИДАТИТЕ
Кандидатот треба да покаже:
- Континуирана професионална активност во театарската уметност или во сродни области: драмско пишување, драматургија, режија, актерство, театрологија, театарска критика, книжевно творештво, превод, продукција или културно програмирање.
- Препознатлив авторски, уметнички, стручен или организациски придонес, потврден преку реализирани дела, проекти, публикации, сценски остварувања или други професионални резултати.
- Познавање на современата домашна театарска продукција и способност за аргументирано вреднување на различни авторски пристапи и сценски естетики.
- Способност за осмислување уметнички концепт и за негово претворање во изводлива фестивалска програма.
- Способност за професионална комуникација, соработка и координација со театри, независни продуценти, автори, уметнички соработници и фестивалските органи.
- Разбирање на организациските и финансиските обврски на функцијата, вклучувајќи планирање, договорни обврски, рокови и известување.
Професионалниот придонес може да се докажува преку:
- авторство на објавени или сценски реализирани драмски дела;
- драматуршка, режисерска, актерска или друга авторска работа во професионални продукции;
- објавени книжевни, критички, теориски, истражувачки или преводни дела релевантни за театарот;
- реализирани културни, уметнички, издавачки или образовни проекти;
- учество во фестивали, стручни програми, работилници, жири-комисии или професионални соработки;
- награди, признанија, критички осврти или други документирани потврди за професионалниот придонес, доколку кандидатот располага со нив.
Не е потребно кандидатот да има остварувања во сите наведени категории.
Како докази за професионалните остварувања, можат да се приложат програмски материјали, извадоци од публикации, потврди за ангажман, признанија, електронски врски до јавно достапни содржини или други соодветни материјали.
Кандидатот може да ги достави само најрелевантните докази, без обврска да ја приложува целокупната своја професионална документација.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Кандидатот ги доставува следните документи:
- Потпишана пријава според образецот во Прилог 1 на овој јавен повик;
- Професионална биографија;
- Избрано портфолио со опис и докази за релевантните професионални остварувања;
- Четиригодишна програма за уметничко раководење и развој на Фестивалот која содржи:
1. Уметничка визија за фестивалот
- Концепт и критериуми за селекција на фестивалската програма, краток осврт на односот кон домашното драмско творештво и кон институционалната и независна продукција.
2. Организациски и финансиски план
- Предлог за распределба на одговорностите во рамките на избран тим, а во согласност со статутарните надлежности и предлог-финансиски буџет со можности за кофинансирање.
Прилог 1
- РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавите се доставуваат на електронска пошта, на адреса: contact@mtf.com.mk, со назнака: „Пријава за уметнички директор – [име и презиме]“.
Документите се доставуваат во PDF-формат, а пријавата и изјавата треба да бидат потпишани и скенирани или електронски потпишани.
Краен рок за прием на пријавите: 8.12.2026 година.
Пријавите што нема да бидат доставени навреме нема да се разгледуваат.
За навремено поднесени пријави со формални недостатоци, Надзорниот одбор може да побара појаснување или дополнување.
- ПОСТАПКА НА ПРЕДЛАГАЊЕ И ИЗБОР
Пријавите на кандидатите од Јавниот повик ќе се разгледуваат и ценат врз основа на доставената документација.
По разгледувањето и оценувањето на пријавите, Надзорниот одбор ќе ги утврди кандидатите што ќе му ги предложи на Собранието на Фестивалот за избор на уметнички директор.
Уметничкиот директор го избира Собранието со јавно гласање и со мнозинство гласови од вкупниот број членови. Мандатот трае четири години, со можност за повторен избор.
Пријавувањето на јавниот повик не го заменува формалното предлагање до Собранието и не создава автоматско право кандидатот да биде предложен или избран. Јавниот повик служи за прибирање кандидати за предлози од Надзорниот одбор до Собранието и не ја заменува статутарната надлежност на Собранието за избор на уметничкиот директор.
Јавниот повик не го ограничува правото на член на Собранието, поддржан од најмалку тројца членови на Собранието, да предложи кандидат согласно член 22 став 2 од Статутот, независно од учеството на кандидатот на јавниот повик.
Кандидатите ќе се известат по електронски пат за исходот од разгледувањето на нивните пријави.
- ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
За дополнителни информации, заинтересираните кандидати може да се обратат кај секретарот на Фестивалот:
Име и презиме: Ангела Стојановска
Е-пошта: contact@mtf.com.mk
Телефон: 078 215 146
Надзорен одбор на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
