58 МТФ – Жири

Д-Р МАРИНА МИЛИВОЈЕВИЌ-МАЃАРЕВ

Д-Р МАРИНА МИЛИВОЈЕВИЌ-МАЃАРЕВ – театарска критичарка, авторка, драматург, професорка по историја на светска драма и театар на Катедрата за теорија и историја на драмските уметности и анализи на драмското творештво на Катедрата за драматургија при Академијата за уметности при Универзитетот во Нови Сад. Главното поле на нејзиното истражување е современата драма и театар. Таа пишува радиодрами,
ТВ-сценарија, претстави, театарски рецензии и написи од полето на драмата и театарските студии. Авторка е на триесетина реализирани радиодрами (Драмска програма на Радио Белград) Миливојевиќ-Маѓарев ги објавила книгите: „Да се биде во театарот – режисерските стилови на Дејан Мијач, Слободан Унковски и Душан Јовановиќ во Југословенско драмско позориште); „Фантазијата во драмите на Владимир Велмар-Јанковиќ) и „Применетиот театар во Војводина од 2000 година до денес“ – заедно со Милан Маѓарев и Иван Правдиќ. Таа беше селектор на 60. и 61. Стериино позорје. Таа е членка на уредувачкиот одбор на театарскиот магазин „Сцена“, главна и одговорна уредничка на научното списание „Зборник“ на Академијата на уметностите на Нови Сад, членка на АССИТЕЈ Србија и претседател на Српската асоцијација на театарски критичари и теоретичари.


Д-Р МАРИНА КАТНИЌ-БАКАРШИЌ

Д-Р МАРИНА КАТНИЌ-БАКАРШИЌ – стилистичарка и професорка на Академијата за сценски уметности и на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина. Катниќ-Бакаршиќ е родена во 1960 година во Сараево. Ги објавила: „Градација“ (1996), „Стилистика“ (2001), „Стилистика на драмскиот дискурс“ (2003), Јазикот и (де)конструкција на родот“ (2004), „Стилистички скици“ (2006), „Современи толкувања на книжевноста“ (2007), заедно со Зденко Лешиќ, Ханифa Капиџиќ-Османагиќ и Твртко Куленовиќ и „Помеѓу дискурсот 44 |и моќта“ (2012). Авторка е на сто и осумдесет научни трудови, преводи, критички текстови објавени во домашните и странските списанија, зборници и монографии. Била член на жири-комисијата на познатиот театарски фестивал МЕСС (Сараево). Добитничка е на неколку награди, од кои посебно е значајна меѓународната награда „Грозданин кикот“ за 2008 година. Членка е на ПЕН-центарот од 2007, а од 2018 година е дописна членка на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина.


ВАРЈА ЃУКИЌ

ВАРЈА ЃУКИЌ – актерка, авторка, директорка на фестивалот „Одакле зовем“ (Подгорица, 2009). Се запишала на студии по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Белград (1980), во класата на проф. Огњенка Милиќевиќ. Како студентка во втора година играла во филмот „Вариола вера“ во режија на Горан Марковиќ и ја добила наградата за
најдобар дебитант на Југословенскиот филмски фестивал во Пула. Истата година игра во филмот на Мирослав Лекиќ „Скали до рајот“. Дебитирала на сцената на Југословенскиот драмски театар во Белград во претставата „Демони“, во режија на Стеван Жигон. Играла во претставата „Мара – тажно“ во режија на Петар Зец во театарот „Двориште“. Дипломирала во 1984 година како автор на монодрамата „Овој крај на светот“, работена според есеите на Елијас Канети и ја добила Октомвриската награда на Град Белград за најдобро студентско дело. Од 1985 до 1990 година била член на ансамблот на Црногорскиот народен театар од Титоград (денешна Подгорица). Од 1989 до 2001 година работи како асистент на курсот по актерска игра на Катедрата за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Белград. Од 1998 година живее и работи во Подгорица како самостоен уметник до формирањето на книжарницата „Карвер“ во 2005 година. Од 2008 година повторно е актерка во ансамблот на Црногорскиот народен театар. Играла во ТВ-серии и драми. Објавува есеи во театарски и литературни и културни списанија во Црна Гора и во Србија. Добитничка е на голем број театарски и филмски награди.

Слични Објави