Награди на 58. МТФ

Жири комисијата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во состав од: Марина Миливојевиќ-Маѓарев, претседател и членовите Марина Катниќ-Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ ги доделува следните награди:

  1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ СЕ ДОДЕЛУВА НА НУ Македонски народен театар Скопје и Зоран Кардула ЗА РЕКЛАМНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар – Скопје.
  2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА СЕ ДОДЕЛУВА НА Александар Зарапчиев, инструктор за техника на качување и движење на карпа и Нина Деан ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
  3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА СЕ ДОДЕЛУВА НА Ристо Вртев ЗА МУЗИКАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Дупло дно“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Театар Војдан Чернодрински – Прилеп.
  4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Симон Мачабели и Раде Василев ЗА КОСТИМИТЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
  5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Илина Ангеловска, Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска ЗА СЦЕНОГРАФИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.
  6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА колективот на претставата „Франкенштајн“ ЗА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ТЕКСТОТ„Франкенштајн“ ВО ПРЕТСТАВАТА „Франкенштајн“ ВО ИЗВЕДБА НА Театар за деца и младинци – Скопје.
  7. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ НЕ СЕ ДОДЕЛУВА.
  8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „Трајко Чоревски“ СЕ ДОДЕЛУВА НА Григор Јовановски ЗА УЛОГАТА НА Љвов, Евгениј Константинович ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.
  9. НАГРАДА ЗА МЛАДA АКТЕРКА СЕ ДОДЕЛУВА НА Јована Миладинова ЗА УЛОГАТА НА Изабел де Валоа ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Контантинов – Џинот“ Велес и Драмски Театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
  10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Анкица Бенинова ЗА УЛОГАТА НА Сања ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна Дупка“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
  11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „Димче Трајковски“ СЕ ДОДЕЛУВА НА Ѓорѓи Јолевски ЗА УЛОГАТА НА Лебедев, Павел Кирилич ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
  12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Дарја Ризова ЗА УЛОГАТА НА Саша ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
  13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Васил Михаил ЗА УЛОГАТА НА Силјан ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
  14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Зоја Бузалковска ЗА РЕЖИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
  15. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА АНСАМБЛОТ НА НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
  16. Доделуваме специјално признание за колективна актерска игра на ансамблот на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани од НУ Народен Театар Битола.

Слични Објави