Како е да се стави еден град во фокус? И тоа еден град од позиција на место кое „родило“ голем број театарски уметници. И не само театарски. Како е да се направи еден град да биде град театар. Она што денес изгледа како сосема реална и возможна идеја не би било можно без нашите претходници. Прилеп ѝ дал на Македонија голем број уметници, просветители, професори… Прилеп ги втемелил на некаков начин и јазикот и дел од културата во Македонија. Затоа сметаме дека треба да го поставиме во фокус, за да покажеме како фестивал неколку важни одлики на театарската уметност што почнала овде.
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ − Прилеп речиси шеесет години на македонската култура ѝ го дава најдоброто од македонскиот театар. Наместо досегашната платформа „Автор во фокус“, во која го славевме опусот на еден значаен автор за македонскиот театар (Коле Чашуле на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ и Горан Стефановски минатата година), во контекст на случувањата со театарските сцени низ Прилеп, сметаме дека како фестивал може да придонесеме само на креативен и конструктивен начин. За таа цел, создадовме „Музеј во движење“ или „Прилеп во фокус“, поточно ќе ги презентираме придонесот и влијанието на тројца (и не само на тие тројца) мошне значајни театарски уметници од Прилеп. Изложбата ќе ја поставиме кај пријателите на фестивалот и ќе се потсетиме на огромното влијание што тие го имаат направено и начинот на кој го имаат обележано Прилеп низ сите овие театарски години. Сакаме ова да биде дел од постојаната активност на фестивалот, која не би се ограничила само на деновите кога фестивалот е најактивен, во јуни секоја година, туку треба да биде активност што ќе се случува постојано, во текот на целата година. Станува збор за актерот и долгогодишен директор на нашиот фестивал − Кирил Ристоски, актерот Благоја Спиркоски Џумерко и драмскиот автор и писател Благоја Ристески Платнар. Во контекст на нашето мото „Смеј се и осмели се“, овие тројца театарски уметници од Прилеп и се/нѐ смееја и се/нѐ осмелија да создаваме уште подобар театар.
Веќе трета година со ред МТФ „Војдан Чернодрински“ ја развива програмата „Пријатели на фестивалот“ поставувајќи повеќе јавни и угостителски објекти како дел од мрежата на фестивалот. Од оваа година пријателите на фестивалот ќе бидат и местото каде што ќе биде поставен овој „Музеј во движење“. Идејата е да се мапираат главните места преку приказната на овие автори и нивните современици, преку видео, фото и наративен дел, поточно секој посетител да го искуси на сценско-изведувачки и аудио-визуелен начин значењето на Прилеп во однос на македонскиот театар. Посетителите на фестивалот ќе имаат ретка можност да ја сведочат приказната за значајните театарски уметници во движење, поточно одејќи од едно во друго место, да бидат сведоци на артефактите што треба да ги чуваме во нашата колективна меморија.
Благоја Спиркоски-Џумерко (1946-2015) − актер, боем, миленик и симбол на градот Прилеп
Роден е во Прилеп на 6 февруари 1946, во семејството на Киро и Марија, каде што и починал на 11 јуни 2015 година по кратко боледување.
Во Народниот театар во Прилеп работи од 1966 година сѐ до неговото пензионирање. Освен на театарската сцена, постигнува мошне забележителен успех во голем број ТВ-драми и серии, радиодрами, како и во играни филмови. Џумерко важеше за вонсериски талент со специфични и препознатливи актерски одлики, кои несомнено придонесоа за неговото позиционирање во театарскиот и филмскиот свет.
Огромен е бројот на улоги, шеги и реплики по кои широката театарска и телевизиска публика го препознаваше Џумерко, а многу од нив се трајно врежани во колективната меморија на населението, и театарот воопшто. Една од најзабележителните улоги, секако, е неговото актерско остварување во ТВ-серијата „Солунски патрдии“, каде што фантастично и реално го донесува ликот на Итар Пејо-Мариовецот (Награда за најпопуларно ТВ-лице на списанието „Екран“). Иако неговиот актерски опус опфаќа широк спектар на улоги од најразличен жанр, во дела од светската класика и современа драматургија, сепак најзабележителни и најсакани од публиката се неговите остварувања во делата од домашната драмска продукција, односно во драмите на Ристо Крле, Јордан Плевнеш, Миле Попоски, Благоја Ристески-Платнар, Блаже Миневски, Блаже Алексоски и др. Секако, ќе остане запаметен и по омилените ликови од циклусот „Македонски народни приказни“, по монодрамата „Аз, Марко“ од Бошко Смаќоски, каде што Спиркоски повторно го покажува своето чувство за комичните нијанси и способноста секоја улога да ја постави како актерска препознатлива индивидуалност. Освен на штиците во Прилепскиот театар, често гостувал и на сцените во Битола, Куманово, Штип, Велес, Струмица и во други градови од поранешна Југославија.
Tеатрографија:
Ловец во претставата „Црвенкапа“ во продукција на Театарот за деца и младинци − Скопје.
Богоја/ Мустафа во претставата „На три и пол“ во продукција на Народен театар − Штип.
Улога во претставата „Плеј бек“ во продукција на Народен театар − Штип, премиерно изведена на 8.7.1998.
Коле Галичанецот во претставата „Соната во А-мол“ во продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес, премиерно изведена на 22.4.1997.
Коста Саруфте во претставата „Коста Саруфте“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1996/97.
Душко во претставата „Не е човек кој не умира“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1996/97.
Гласникот во претставата „Медеја“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1996/97.
Силјан во претставата „Силјан Штркот“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп.
Порфириј во претставата „Арсениј“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 18.9.1993.
Адем во претставата „Градење црква“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 2.12.1992.
Војчех Валпур или Татко во претставата „Водена кокошка“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 21.3.1992.
Корифеј во претставата „Антигона“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 10.4.1983.
Омер во претставата „Духот на слободата“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 25.10.1987.
Исаија во претставата „Марко Крале“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 23.10.1993.
Хиполит во претставата „Да живее амамот“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 12.6.1982.
Таткото во претставата „Безобразна политичка комедија“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 5.3.1993.
Мце Мојчешаш во претставата „Туѓо сакаме свое не даваме“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 14.6.1986.
Митре во „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 29.9.1992.
Вуле Милиционерот во „Клаустрофобична комедија“ на Душан Ковачевиќ, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1988 година.
Пијан Турчин во „Македонска крвава свадба“ на Војдан Чернодрински, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1999 година.
Хачо во „Полковникот птица“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1998 година.
Салваторе Борси во „Молам за секс“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1994 година.
Сефко Дурмиш во „Колобан“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 2.11.1991.
Поп Неделко во „Железното пиле“ на Благоја Ристески-Платнарот, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 9.1.1999.
Зерзевул во „Натемаго“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 3.6.1999.
Меанџијата во „Духот“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 2000 година.
Улога во претставата „Аз Марко“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1999/2000.
Шарансон во „Аферата Едвард“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 2000 година.
Бепо Триано во „Честа на Чиполино“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1994 година.
„Ибро Јаране“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1993/1994.
Келнерот во „Не сега драга, најдобро е попладне“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 7.9.1991.
Ѓуриќ во „Покојник“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 26.01.1991.
Шимурина, коментатор во „Хамлет од селото Мрдуша Долна“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 31.1.1987.
Симон во „Диво месо“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 12.3.1988.
Улога во „Маките на Живоин“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 11.10.1986.
Еуџенио, трговец во „Кафетерија“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1985/1986.
Улога во „Глоговиот џбун“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 16.3.1986.
Дефонсе во „Мачка во вреќа“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1985/1986.
Бенефико во „Повратникот од Бризбејн“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 2.3.1985.
Апостол во „Следниот за в рај“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1984/1985.
Пејо Мариовецот во „Солунски патрдии“ на Миле Попоски, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 14.10.1984.
Самоил Поп Стефанов во „Мацедонише Цуштенде“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 31.3.1984.
Анте Чакара, адвокат во „Змија“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1983/1984.
Басине во „Кројач за дами“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 24.12.1983.
Улога во „Хај-фај“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1982/1983.
Фрањо Ќук во „Полнета птица“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 26.12.1982.
Мак, уредник во „Животот во моите раце“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1982/1983.
Егор, бравар во „Деца на сонцето“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 12.1.1982.
Силвестер во „Ѓаволштините на Скапен“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1981/1982.
Улога во „Скок преку кожа“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1980/1981.
Карлос Оменидес де Истангва во „Мушички во главата“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 4.7.1981.
Влада Канринац во „Мангите пијат чај“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 13.5.1978.
Селанец во „Чорбаџи Теодос“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1977/1978.
Алтернација во претставата „Мандрагола“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 9.4.1978.
Ѓука, борец во „Хитлер кај партизаните“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1975/1976.
Гаврушка, слуга во „Коцкари“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1975/1976.
Улога во претставата „Црноборје“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1973/1974.
Господин без скрупули во „Мистер Долар“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1972/1973.
Кики, момче во „Политичко венчавање“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 6.2.1971.
Галилеј во „Итроман Пејо“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1970/1971.
Куанг Лај во „Да се спаси надежта“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1969/1970.
Роб во „Медеја“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1969/1970.
Бранител во „Алкимоново јаболко“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1968/1969.
Стојан во „Печалбари“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1968/1969.
Трасон во „Евнух“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1997/1998.
Поткољосин во „Женидба“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1993 година.
Бошко во „Кумови“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1995/1996.
Милош во претставата „Во сино“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 18.2.1995.
Улога во претставата „Смешни пари“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1998/1999.
Пиколо во „Д-р“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 20.10.1968.
Манче во „Чест“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 19.5.1968.
Блаже во „Робот и агата“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1967/1968.
Фило во „Балада за орканата“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 8.11.1967.
Момче/Дрвар во „Крвави свадби“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 24.12.1967.
Еден Арнаутин во „Антица“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 27.1.1968.
Цветко во „На дневен ред“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 3.12.1967.
Далековидецот во „Чекор Планина, Мешло и Далековидецот“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1967/1968.
Карлос Доминдес де Хистангва во „Болва во уво“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1979/1980.
Рикард Футак Индивидуалист во „Добро утро крадци“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1975/1976.
Митик во „Фабрика за преломи“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1972/1973.
Гласникот во „Жени во народно собрание“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1971/1972.
Гонтран во „Одам на лов“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1970/1971.
Улога во претставата „Шофери“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1986/1987.
Улога во „Свечената вечера во погребното претпријатие“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 18.11.1989.
Втор брат во „Царот и овчарот“, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 17.12.1978.
Танас во „Нежни Штурци“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1979 година.
Гласник од Коринт во „Ојдип Тиранин“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 14.7.2000.
Огнен Кежаровски во „Последните селани“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 11.12.1998.
Крчмарот во „Армагедон“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 12.1.2000.
Рудар во „Елешник“ на Југослав Петровски, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 22.4.2000.
Ихарев во „Коцкари“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 23.11.2002.
Јанко Савски во „Собирен центар“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 7.3.2003.
Јонче во „Градскиот саат“ на Коле Чашуле, во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 11.3.2000.
Шишкин во „Малограѓани“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 1.10.1966.
Томче во „Чорбаџи Теодос“ во продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 18.10.1966.
Први полицаец; Први воен полицаец; Втора калуѓерка; Бернадак во „Резервист“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, сезона 1966/1967.
Цветко во „Од глаата си патиме“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1969 година.
Сава Савиќ во „Протекција“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1979 година.
Миле Поштарот во „Грев или Шприцер“ на Сашко Насев, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 17.12.2003.
Божин во „Летни Силјане“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 12.4.2003.
Мерик во „Крчма крај патот“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 2001 година.
Улога во „Пепелашка“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1970 година.
Златко во „Мачорот во чизми“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1970 година.
Господин Сеземан во „Хајди“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1967 година.
Улога во претставата „Волшебникот од Оз“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, 1981 година.
Грдиот во „Кекец и Мојца“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп.
Дрварот во „Суд“ на Коле Чашуле, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 17.12.2004.
Бертолд во „Стјуардеси“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 12.3.2005.
Итар Пејо во „Совршенство или смрт“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 3.6.2005.
Војник во „Макбет“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 14.8.2005.
Татко во „Татко“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 29.1.2006.
Неделко во „Железно пиле“, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес, премиерно изведена на 14.3.2006.
Коне Дрдор во „Светилникот“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 2.11.2007.
Улога во претставата „Јане Задрогаз“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 14.5.2009.
Улога во „Мангите пијат чај“, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, премиерно изведена на 15.4. 2011.
Филмографија: ТВ-филмови и играни филмови
„Македонскиот дел од пеколот“ (1971), „Истрел“ (1972), „Добра долина“ (1973), „Пресуда“ (1977), „Жена од малтер“ (1979), „Оловна бригада“ (1980), „Слана во цутот на бадемите“ (1982), „Нели ти реков“ (1984), „На наш начин“, „Јазол“, „Трговецот од Солун“ (1985), „Климент Охридски“ (1986), „Хај-фај“, „Sвездите на 42-та“ (1987), „Некоја чудна земја“, „Марка“ (1988), „Тетовирање“, „Македонија може“, „Поштар“ (1991), „Заминување од Пасквелија“ (1992), „Бог да ги убие шпионите“ (1993), „Прекалени“, „Пред дождот“, „Проколнати“ (1994), „Заборавени“ (1995), „На Балканот не се пие чај“, „Време, живот“ (1999), „Одмазда“, „Прашина“, „Ноќ спроти Свети Василиј“ (2001), „Глужд во времето“ (2002), „Последниот валцер“, „Едно од лицата на смртта“ (2003), „Како убив светец“ (2004), „Крчма на патот кон Европа“ (2005), „Тајната книга“ (2006), „Сенки“ (2007), „Абсурдистан“ (2008), „Седумка, љубов или смрт“ (2009), „Мајки“ (2010), „До балчак“ (2014), „Последниот Македонец“ (2015).
Филмографија: Телевизиски серии
„Итар Пејо“ (1977), „Илинден“ (1982), „Белото циганче“ (1984), „Крале Марко јунак стана“ (1985), „Солунски патрдии“ (1986), „Трето доба“ (1987), „Викенд на мртовци“ (1988), „Трст виа Скопје“ (1990), „Опстанок“ (1990-91), „Елегила пелелига“ (1991), „Чудовиштата од нашиот град“ (1992), „Бумбари“ (1994-95), „Салон Хармони“ (1998), „Погрешно време“ (2000), „Наше маало“ (2002), „Лото, лото“ (2003), „Збогум Румелија“ (2007-08), „Куќен совет“ (2008), „Минатото лето на Балканот“ (2012), „Тврдокорни“ (2013).
Награди: Награда за најдобро актерско остварување „Ристо Шишков“ (2010); награда „Петре Прличко“ (2006); награда за животно дело „3 Ноември“ што ја доделува Градот Прилеп; награда за најдобро актерско остварување на 20. МТФ „Војдан Чернодрински“ (1985) за улогата на Пејо во претставата „Солунски патрдии“ во изведба на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп; награда за епизодна улога „Димче Мешковски“ на 25. МТФ „Војдан Чернодрински“ (2000) за улогата на Јонче во претставата „Градскиот саат“ во изведба на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп; награда за животно дело на 46. МТФ „Војдан Чернодрински“ (2011).
Благоја Ристески-Платнар (1949-2004) − поет, писател, колумнист, драмски автор и активист
Роден е во Прилеп, на 5 март 1949, каде што завршува основно и средно училиште и активно твори сѐ до својата смрт, на 20 октомври 2004. Студирал на Филозофскиот факултет, на групата за Јужнословенски книжевности. Првите награди и признанија за литература ги добива како гимназијалец. Директор е на Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, како и долгогодишен главен и одговорен уредник на списанието за литература и уметност „Стремеж“ и македонското издание на списанието за култура „Lettre International“.
Пишува колумни за весникот „Дневник“ (има објавено над 200 колумни), но објавува текстови и во „Денес“, „Вест“, „Пулс“ и други македонски списанија и весници. Член е на Управниот одбор при Фондацијата „Институт Отворено Општество – Македонија“ (1992-1996).
Од 1998 до 2001 година е претседател на собранието на невладината организација „Центар за мултикултурно разбирање и соработка“. Во истиот период е претседател и на Независното друштво на писатели (Скопје). Предавач е и модератор на проектите „Школа за демократија“, „Мостови на соработка“, „Тренинг за млади новинари“ и „Трибина 7“.
Платнар е еден од ретките македонски писатели со изразено специфична естетика, чија драматика до денес останува неприкосновена во современата македонска драма. Неговите драми покажуваат како еден сериозен автор треба да создаде и сопствен јазик и сопствени светови со помош на тој јазик. Неговиот јазик е уникатен, архаичен, посебен, мелодичен, јазик кој не се говори, ниту се пишува надвор од неговата естетика. Уникатен и по својата појавност и по својата естетика и практика, Благоја Ристески-Платнар е автор кој по многу нешта остава трага во македонската уметност и култура.
Драмски текстови, театарски изведби
„Делирум Тременс“ (1980)
Копродукција на Театарска работилница и НТ „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, актер и режисер −Игор Трпчески (премиера: 30.4.2015).
„Carcinoma mamae“ (1982)
Изведена како монодрама во Салон „19’19,“ во изведба на Катина Иванова.
„Спиро Црне“ (1989)
Продукција на НТ „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, режија на Владимир Милчин (премиера 1989);
„Арсениј“ (1993)
Продукција на НТ „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, режија на Владимир Милчин (премиера: 18 септември 1993);
,,Летни Силјане“ (1994)
Продукција на Народен театар −Битола, режија на Владимир Милчин (премиера: 14.11.1994); Продукција на НТ „Војдан Чернодрински − Прилеп“, режија на Љупчо Ѓеоргиевски (премиера: 12 април 2003);
,,Ибро Јаране“ (1994)
Продукција на НТ „Војдан Чернодрински − Прилеп“, режија на Коле Ангеловски (1994);
,,Лепа Ангелина“ (1995)
*Преведена на англиски јазик од Драги Михајловски и поместена во збирката „Ten Modern Macedonian Plays“, уред. Јелена Лужина, Матица македонска/Македонски центар ИТИ-УНЕСКО, Скопје 2000; преводот на Џабир Ахмети на албански јазик не е објавен.
Продукција на МНТ −Скопје, режија на Владимир Милчин (1996); Продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, режија на Љупчо Ѓоргиевски (премиера: 13.5.2013).
,,Венко“ (1998)
Продукција на МНТ −Скопје, режија на Синиша Ефтимов (1998);
,,Железно пиле“ (1998)
Продукција на НТ „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, режија на Љубиша Георгиевски (1999); Продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, режија на Јордан Витанов (2006).
,,Шашардисани времиња“ (2004)
Продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, режија Стојан Стојановски, (премиера: 27.9.2012).
Радиодрама
„Врвка“, емитувана на Радио Скопје.
Објавени книги
„Ледена урна“, Македонска книга, Скопје, 1980; „Песја пена“, Стремеж, Прилеп, 1984 (двете поетски книги се преведени на англиски, полски, руски и на чешки јазик); „Лепа Ангелина“, Култура, Скопје, 1997; „Драми“ (избор −„Спиро Црне“, „Арсениј“, „Ибро Јаране“, „Лепа Ангелина“, „Летни Силјане“, „Железно пиле“, „Венко“), Арлекин-ГФ, Прилеп, 2004; „За серафините и керубините, колумни“, Стремеж, Прилеп, 2004.
Постхумно објавени книги
„Шашардисани времиња (драмски текстови и драмски преводи)“, Макавеј, Скопје, 2006 (за првпат објавени се драмските текстови „Шашардисани времиња“, „Ѓубре“, „Кинеска кујна и Кабаре“ (мјузикл), како и преводите на „Лисистрата“ од Аристофан и „Филоктет“ на Хајнер Милер); „Долна земја“ (роман), НИП Врв, Прилеп, 2007; „Весталка“ (поезија), НИП Врв, Прилеп, 2008; „Чанакуле“, НИП Врв, Прилеп, 2010; „Долна земја и колумни“, Табернакул, Скопје, 2011; „Три драми“, НИП Врв, Прилеп, 2012 („Спиро Црне“, „Арсениј“, „Летни Силјане“); Панде Ристеска, „Врзопче светлина“, НИП Врв, Прилеп, 2016 (книга посветена на Благоја Ристески-Платнар); Драмата „Лепа Ангелина“ објавена е и во книгата „Македонска современа драма“ (прир. Ана Стојаноска), НИД Микена, Битола, 2008.
Документарни филмови (1999-2002) во продукција на Пегаз, монтажа Вардар филм, обработка Бојана (Бугарија): „Горна земја“, „Алшар“ и „Нигра сет формоса“.
Напишани синопсиси за нереализирани филмови:
„Посмртна златна маска“, „Самоил“, „Владимир и Косара“ (2000); „Без небо“ (2004), филм за Спасија Кондоска.
Преводи на пиеси:
„Последната ноќ на Сократ“ („Последната нощ на Сократ“, 1986) на бугарскиот писател Стефан Цанев (Stefan Tsanev, 1936),
„Филоктет“ („Philoctetes“, 1965) на германскиот драматург, поет, есеист и театарски режисер Хајнер Милер (Heiner Müller, 1929 – 1995),
„Лисистрата“ („Λυσiσtpatн“, 411 пр.н.е.) на старогрчкиот комедиограф Аристофан (Ἀριστοφάνης, 446 – 386 пр.н.е.),
„Засекогаш и ден повеќе“ („Zauvek i dan više“, 1993) на српскиот поет, писател и книжевен историчар Милорад Павиќ (Milorad Pavić, 1929 – 2009).
Награди: Награда за текст за современа домашна драма на 24. МТФ „Војдан Чернодрински“ (1989) за „Спиро Црне“; награда за текст за современа домашна драма на 29. МТФ „Војдан Чернодрински“ (1994) за „Арсениј“; награда за текст за современа домашна драма на 39. МТФ „Војдан Чернодрински“ (2004) за „Летни Силјане“; награда за текст за современа домашна драма на 31. МТФ „Војдан Чернодрински“ (1996) за „Лепа Ангелина“; награда за животно дело „3 Ноември“.
Кирил Ристоски (1948-2011) − актер и професор
Роден е во Прилеп, на 14 ноември 1948 година. Исклучителен е по својот актерски потенцијал, маркантна сценичност и сериозна професионална посветеност и на театарот и на едукацијата. Како средношколец бил дел од драмската секција на гимназијата во Прилеп и редовно го посетувал Прилепскиот театар, гледајќи ги сите претстави што се изведувале. Подоцна во истиот театар ја започнува неговата професионална кариера со улога во комедијата „Ноќ спроти Водици“ од Шекспир. Во почетокот на сезоната 1966/67, на осумнаесетгодишна возраст, се вработува во театарот. Во следните седум години (1966-1973) Ристоски останува во Прилепскиот театар, одигрувајќи вкупно 17 улоги. Во овој период добива главно мали и споредни улоги, често играјќи заедно со колегата Благоја Спиркоски-Џумерко. Во 1973 година, на 25-годишна возраст, Ристоски донесува одлука да го напушти театарот и да се запише на Отсекот за драмски актери на тогашната Музичка академија во Скопје (Вишата музичка школа). Под менторство на професорот Илија Милчин, дипломира со одличен успех во 1978. По дипломирањето, Ристоски се враќа во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде што го остварува својот прв голем професионален успех со улогата на Актерот во пиесата „Мангите пијат чај“ на Драгослав Михаиловиќ, во режија на Ацо Алексов, за која ја добива и својата прва награда на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Набрзо потоа тој му се приклучува на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ), каде што останува следните десет години (1978-1988). Во овој период Ристоски станува еден од водечките актери во театарот и остварува низа значајни улоги. По напуштањето на МНТ во 1988 година, Ристоски продолжува да настапува како гостин во различни македонски театри. Во текот на својата кариера Кирил Ристоски одиграл 83 театарски улоги. Покрај работата во театарот, Ристоски има значаен придонес и во македонската филмска и ТВ-продукција. Во својата кариера остварил 26 филмски и телевизиски улоги и снимил повеќе од 200 радиодрами. Во 1982 година Ристоски започнува да работи како асистент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на предметот Актерска игра. Во 1988 година тој скоро целосно се насочува кон педагогијата како своја примарна дејност, го напушта МНТ и се вработува на Факултетот за драмски уметности, каде што е избран за доцент. Во 1998 година станува редовен професор. Во текот на дваесет и три години педагошка работа, под негово менторство дипломирале многу наши познати актери, меѓу кои: Ѓорѓи Јолевски, Габриела Петрушевска, Арна Шијак, Биљана Беличанец, Васил Зафирчев, Мартин Мирчевски и други. Во периодот од 1997 до 2007 година, успешно водејќи го, Ристоски е уметнички директор на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Кирил Ристоски има единствено место во историјата на македонскиот театар како единствен актер кој имал привилегија да игра со сите генерации македонски актери. На тој начин тој претставува вистинска алка помеѓу генерациите на македонската глума. Починал во Скопје, во 2011 година, на возраст од 63 години. Со неговата смрт остава голема празнина во македонскиот театар и култура. Неговото дело останува неодминлив дел од македонската театарска историја. Придонесот што го има како актер и професор е од историско значење за развојот на македонскиот театар.
Театрографија (1965/66 −2011)
−Угрин во претставата „Робот и агата“ од Војдан Чернодрински, во режија на Благоја Дамески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1967/68;
−Девер во претставата „Антица“ од Ристо Крле, во режија на Блаже Алексоски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 27 јануари 1968;
− Прв стражар во претставата „Ноќ спроти Водици“ од Вилијам Шекспир, во режија на Душан Владисавлевиќ, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1965/66;
−Војник велосипедист во претставата „Резервист“ од Александар Ревемал, во режија на Димитар Христов; продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1966/67;
−Ламбе во претставата „Балада за орканата“ од Видое Видически, во режија на Благоја Дамески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 8 ноември 1967;
−Човекот што не бара работа во претставата „На дневен ред“ од Бранко Илиевски, во режија на Благоја Дамески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 3 декември 1967;
−Момче и Дрвар во претставата „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Благоја Дамески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 24 декември 1967;
−Николиќ во претставата „Д-р“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благоја Дамески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 20 октомври 1968;
−Фидан во претставата „Печалбари“ од Антон Панов, во режија на Блаже Алексоски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1968/69;
−Гласник во претставата „Алкимоново јаболко“ од Зора Диренбах, во режија на Благоја Дамески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1968/69;
−Симон, син на Мојсо во претставата „Од глаата си патиме“ од Војдан Чернодрински, во режија на Ацо Алексов, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1969;
−Фокс Џорџ во претставата „Да се спаси надежта“ од Емануел Рабле, во режија на Мирко Стефановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1969/70;
−Церемонијал мајстор во претставата „Пепелашка“ од Јакша Кушан, во режија на Аце Михајлоски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1970;
−Рожле, син на Хрибареви во претставата „Кекец и Мојца“ од Војмил Рабадан, во режија на Аце Михајлоски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
−Младичот во претставата „Жени во народното собрание“ од Аристофан, во режија на Ацо Алексов, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1971/72;
−Гласот на Сучу во претставата „Фабрика за преломи“ од Штефан Хараламб, во режија на Благоја Ивчески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1972/73;
−Редактор на весникот „Омега“ во претставата „Мистер Долар“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Блаже Алексоски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; сезона: 1972/73;
−Колпортер во претставата „Славата и смртта“ на Хоакин Муриета од Пабло Неруда, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 2 мај 1976;
−Лигурио во претставата „Мандрагола“ од Николо Макијавели, во режија на Благоја Дамески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 9 април 1978;
−Ранко Петровиќ во претставата „Мангите пијат чај“ од Драгослав Михаиловиќ, во режија на Ацо Алексов, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 13 мај 1978;
−Теофил, Теофило и трет затвореник во претставата „Алексијада“ од Богомил Ѓузел, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 8 октомври 1978;
−Селанец во претставата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, во режија на Ацо Алексов, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 19 декември 1978;
−Најдобриот пријател на Обесеник во претставата „Обесеник“ од Борислав Пекиќ, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 13 април 1979;
−Кузаков во претставата „Лов на диви пајки“ од Александар Вампилов, во режија на Александар Дунаев, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 6 октомври 1979;
−Офицерот, Виконтот и Пијаниот во претставата „Кандид“ од Жан Мари Аруе Волтер, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 3 април 1980;
−Јонче Конте во претставата „Милион маченици“ од Ристо Крле, во режија на Петре Прличко, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 6 ноември 1980.
−Улога во претставата „Пафтен појас“ од Миле Попоски, во режија на Бранко Ставрев, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 15 февруари 1981;
−Костадин во претставата „Житољуб“ од Коле Чашуле, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 27 март 1981;
−Илија во претставата „Кутрите“ од Миливоје Мајсторовиќ, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 16 октомври 1981;
−Киро во претставата „Лет во место“ од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски, независна театарска продукција, Младински културен центар – Скопје; премиера: 9 февруари 1982;
−Горски во претставата „Габи“ од Бранко Варошлија, во режија на Бранко Ставрев, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 14 февруари 1982;
−Марк Антониј во претставата „Јулиј Цезар“ од Вилијам Шекспир, во режија на Љубиша Георгиевски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 6 ноември 1982;
−К`на во претставата „Кршалнига“ од Васе Манчев, во режија на Бранко Ставрев, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 21 октомври 1983;
− Паганини во претставата „Кланица“ од Славомир Мрожек, во режија на Владо Цветановски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 20 ноември 1983;
−Самоил Поп Стефанов во претставата „Мацедонише Цуштенде“ од Јордан Плевнеш, во режија на Љубиша Георгиевски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 18 јануари 1984;
−Марсел во претставата „Погрижи се за Амелија“ од Жорж Фејдо, во режија на Коле Ангеловски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 10 април 1984;
−Михаил Михаилович Боркин во претставата „Иванов“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Бранко Ставрев, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 25 октомври 1984;
−Бота во претставата „Среќна нова 1949“ од Гордан Михиќ, во режија на Слободан Унковски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 9 февруари 1985;
−Димостен во претставата „Рамна земја“ од Ташко Георгиевски, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 27 септември 1985;
−Тартиф во истоимената претстава од Жан Батист Поклен Молиер, во режија на Љубиша Георгиевски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 17 јануари 1986;
−Улога во претставата „Брачен плеј-оф“ од Едвард Антони Вајтхед, во режија на Коле Ангеловски, продукција на Драмски театар – Скопје; премиера: 7 мај 1986;
−Трифолио во претставата „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски, во режија на Слободан Унковски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 17 јули 1986;
−Лисестиот во претставата „Гуштерица“ од Александар Володин, во режија на Златко Свибен, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 16 октомври 1986;
−Селанецот во претставата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, во режија на Тодор Николовски и Петре Прличко, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 3 април 1987;
−Алонсо Кихано/Дон Кихот од Ла Манча во претставата „Дон Кихот“ од Михаил Афанасиевич Булгаков, во режија на Златко Свибен, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 14 јули 1987;
−Скитникот и Питачот во претставата „Баал“ од Бертолт Брехт, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 20 септември 1987;
−Управникот на поштата во претставата „Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ, во режија на Бранко Ставрев, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 27 октомври 1987;
−Ефто во претставата „Лет во место“ од Горан Стефановски, во режија на Слободан Деспотовски, продукција на Народен театар – Штип; премиера: 6 мај 1988;
−Јован Крстител во претставата „Рави“ од Синиша Ковачевиќ, во режија на Љубиша Георгиевски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 15 јануари 1989;
−Филинт во претставата „Мизантроп“ од Жан Батист Поклен Молиер, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 18 јули 1989;
−Спиро Црне во истоимената претстава од Благоја Ристески-Платнар, во режија на Владимир Милчин, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 1989;
−Тодор во претставата „Кула Вавилонска“ од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски, продукција на Драмски театар – Скопје; премиера: 14 јануари 1990;
−Арсенија Охридски во претставата „Безбог“ од Јордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар – Битола; премиера: 24 август 1991;
−Колобан во истоимената претстава од Блаже Алексоски, во режија на Владимир Милчин, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 2 ноември 1991;
−Методи на Илија во претставата „Лулка“ од Блаже Миневски, во режија на Владимир Милчин, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 9 август 1992;
− Просперо во претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Коле Ангеловски, продукција на Драмски театар – Скопје; премиера: 20 декември 1992;
−Иванов во истоимената претстава од Антон Павлович Чехов, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар – Штип; премиера: 5 март 1993;
−Арсениј во истоимената претстава од Благоја Ристески-Платнар, во режија на Владимир Милчин, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 18 септември 1993;
−Спиро Црне во претставата „Летни Силјане“ од Благоја Ристески-Платнар, во режија на Владимир Милчин, продукција на Народен театар – Битола; премиера: 14 ноември 1994;
−Филипо Строци во претставата „Лоренцачо“ од Алфред де Мисе, во режија на Крикор Азарјан, продукција на Народен театар – Битола; премиера: 14 август 1995;
−Езакиј во претставата „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристески-Платнар, во режија на Владимир Милчин, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 31 октомври 1995;
−Гарсен во претставата „Зад затворени врати“ од Жан Пол Сартр, во колективна режија, независна театарска продукција Универзална сала – Скопје; премиера: 1995;
−Господин Џонатан Пичем во претставата „Опера за три гроша“ од Бертолт Брехт, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 19 октомври 1996;
−Роберт во претставата „Неверство“ од Харолд Пинтер, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, копродукција на Здружението „Талија“ и Драмски театар – Скопје; премиера: 3 март 1996;
−Клавдиј во претставата „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Владо Цветановски, продукција на Драмски театар – Скопје; премиера: 30 септември 1998;
−Фетисов во претставата „Полковникот птица“ од Христо Бојчев, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 1998;
−Актерот, Трепљов, Иванов, Вујко Вања во претставата „Третиот чин“ според Антон Павлович Чехов, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар – Битола; премиера: 8 декември 2000;
−Сатин во претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Бора Драшковиќ, продукција на Народен театар – Битола; премиера: 18 мај 2001;
−Актер во претставата „Macedoine − Одисеја 2001“ од група автори, во драматизација и режија на Зоја Бузалковска и Иван Поповски, продукција на Народен театар – Битола; премиера: 12 јули 2001;
−Докторот во претставата „Војцек“ од Георг Бихнер, во режија на Бора Драшковиќ, продукција на Драмски театар – Скопје; премиера: 12 јануари 2002;
−Котузов во претставата „Жена за Полковникот“ од Христо Бојчев, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 2 март 2002;
−Аврам во претставата „Летни Силјане“ од Благоја Ристески-Платнар, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 12 април 2003;
−Улога во претставата „Последниот ден“ на Мисирков од Јордан Плевнеш, во режија на Ѓорѓи Јолевски и Владо Цветановски, независна театарска продукција, Универзална сала – Скопје; премиера: 27 ноември 2003;
−Агата во претставата „Случајот Маркиза де Сад или За гостувањето на Театарската трупа ‘Јукио Мишима’ во Мариово“ од Блаже Миневски, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 26 март 2004;
−Старецот Силјан во претставата „Совршенство или смрт“ од Блаже Миневски, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 3 јуни 2005;
−Генералот во претставата „Четвртата сестра“ од Јануш Гловацки, во режија на Кирил Петрески, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 30 април 2007;
−Улога во претставата „Свирач на покрив“ од Џери Бек, во режија на Јовица Павиќ, копродукција на Народен театар – Битола и Битолската опера; премиера: 14 август 2007;
−Мајстор Кочо во претставата „Светилникот“, според истоимениот роман на Димитар Талев, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 2 ноември 2007;
−Рос во претставата „Коза или Која е Силвија“ од Едвард Олби, во режија на Дино Мустафиќ, продукција на Драмски театар – Скопје: премиера: 4 јули 2008;
−Агатон во претставата „Нажалена фамилија“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, продукција на Народен театар – Битола; премиера: 26 декември 2008;
−Улога во претставата „Крпен живот“, според истоимениот роман на Стале Попов, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 3 август 2009;
−Дон Кихот во претставата „Дон Кихот од Ла Манча“ од Мигуел де Сервантес, во режија на Владо Цветановски, продукција на Народен театар – Битола; премиера: 27 март 2011;
−Степан Трофимович Верховенски во претставата „Бесови“ од Албер Ками, во режија на Златко Славенски, продукција на Македонски народен театар – Скопје; премиера: 21 април 2011.
Улоги во ораториуми на сцената на Операта при Македонскиот народен театар
−Актер во ораториумот „Похвала Кирилу и Методију“, диригент Фимчо Муратовски; премиера: 7 декември 1986;
−Рецитатор во ораториумот „Илинден“ по либрето на Богомил Ѓузел, диригент Тадеуш Козловски; премиера: 12 јули 1989.
Драмска режија на Кирил Ристоски
„Стјуардеси“ од Марк Камолети, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; премиера: 12 март 2005.
Филмографија: ТВ–филмови и играни филмови
,,Премиера“ (1983), „Записник“ (1983), „Смилевскиот конгрес“ (1973), „Пресуда“ (1977), „Црвениот коњ“ (1981), „Лет во место“ (1984), „Јазол“ (1985), „Трговецот од Солун“ (1985), „Климент Охридски“ (1986), „Мојсие од малото место“ (1988), „Тетовирање“ (1991), „Пред дождот“ (1994), „Чарли Паркер −љубов моја“ (1994), „Преку езерото“ (1997), „Тајната книга“ (2006), „Епизодист“ (2011).
Филмографија: ТВ-серии
„Црвениот коњ“ (1983), „Волшебното самарче“ (1975), „Наши години“ (1979), „Илинден“ (1982), „На наш начин“ (1985), „Бушава азбука“ (1985), „Сонце на дланка“ (1986), „Втора смена“ (1986), „Тврдокорни“ (1988), „Македонија може“ (1991), „Патување со рабробил“ (2006).
Награди: Награда „Ристо Шишков“ за актерско остварување (1992); награда на ревијата „Екран“ за уметник на годината (1992); награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (1978); награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (1986) за улогата на Тартиф; награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (1989) за улогата на Спиро Црне; награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (1992) за улогата на Колобан; награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (1994) за улогата на Арсениј; награда на Град Скопје „13 Ноември“ (1986); награда на Град Прилеп „3 Ноември“ за животно дело (2002); награда на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за животно дело (2012, постхумно).
8.6.2025г. 21:00
Градски саат
Отворање на Музејот во движење: Прилеп во фокус
(Монологот на Арсениј во изведба на актерот Игор Трпчески)