ПООЛ

Продукција: „Хибрид“ - Скопје во копродукција со Артопија

Автор: Марк Рејвенхил

Режија: Шенај Мандак

Претставата се одигра на сцената на Кафе-бар „Тротоар“ на 10.06.2024

Продуцент: Тадеа Павловска
Драматург: Бенну Мусли
Превод на турски јазик: Бенну Мусли
Превод на македонски јазик: Марио Стојаноски
Сценографи: Ивана Секулоска и Џејда Ибрахим
Костимограф: Ивана Секулоска
Композитор: Лука Јанкулоски
Избор на музика: Шенај Мандак
Тон: Емрах Џемаил
Дизајн на плакат: Бурџу Мусли
Трејлер: Мурат Жерка и Генц Халими

Играат
Несрин Таир
Стефанија Начевска
Метин Ибрахим
Хакан Даци
Ебру Мусли

Техничка екипа
мајстор на тон: Емрах Џемаил; помошници: Озан Идрис и Игбал
Саидова.

Претставата „ПООЛ“ која е работена по мотиви на Марк Рејвенхил
хипнотично ја раскажува приказната, но сурово ги распарчува
лажните идеали разоткривајќи ја вистинската слика за уметниците,
пријателството и љубомората која се претвора во болна амбиција
за успех. Во драмата се среќаваме со приказната за група уметници
кои се занимаваат со алтернативна уметност во боемскиот кварт.
Но што се случува кога еден од групата се издвојува и постигнува
вистински успех? Што прават оние кои остануваат назад, во
боемскиот кварт додека еден оди напред во големиот свет?
Ликовите се доведени до состојба да се соочат со себеси и своите
најголеми стравови, по кое сосема се препуштаат на примитивниот
инстинкт за преживување кој е управуван од страна на болната
амбиција за успех, до тој степен што попатно се губат не само
себеси, туку и сето она што е човечно во нив, она што ги прави да
бидат луѓе.

Шенај Мандак

Времетраење: 70 минути