НА ДНОТО

Продукција: Народен театар Битола

Автор: Максим Горки

Режија: Ќендрим Ријани

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 10.06.2024

Драматург: Билјана Крајчевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Папаз-Ѓорѓиевски
Музика: Александар Димовски
Шминка: Стефанија Стојчевска
Дизајн на рекламен материјал: Сашо Илковски

Играат
Никола Пројчевски – Михаил Иванов Костиљов
Илина Чоревска – Василиса Карповна
Викторија Степановска-Јанкуловска – Наташа
Александар Стефановски – Медведев
Никола Стефанов – Васка Пепелвасја
Петар Спировски – Клешч, Андреј Митрич
Марија Стефановска – Ана
Сандра Грибовска-Илиевска – Настја
Елена Моше – Квашња

Валентина Грамосли – Бароницата
Иван Јерчиќ – Сатин
Мартин Мирчевски – Бубнов
Маја Андоновска-Илијевски – Актерката
Соња Ошавкова – Лука
Анастазиа Христовска – Аљошка
Александар Димитровски – Татарот

технички раководител: Петар Трајчевски; инспициент: Димитар
Михајловски; суфлер: Гордана Михајловска; мајстор на светло:
Горан Петровски; осветлител: Игор Мицевски; мајстор на тон:
Николче Терзиевски; реквизита: Спасе Петрушев; техника: Пеце
Босилковски, Илија Мангелов, Ѓорги Крнчев, Александар
Сотировски, Николче Думевски, Горан Јованов, Михаил
Вељановски; гардеробер: Ванчо Бакаловски.

Ријани го организира метатекстуалниот простор во претставата на
начинот на кој веднаш ни открива дека „идеологијата“ на ликовите,
кои овде се „полулуѓе, ѕверови“ денес е луксуз, дека сите и
засекогаш во исто време се заглавени овде каде што нема влез и
излез. Со реконструкција на драмската предлошка и автентични
коментари, контекстуализира мизансцена – која станува денес – тоа
дно кое го живееме, едно бескрајно репетитивно чувство и немоќ на
разболените од животот овде, луѓе што свесно – не можат, не
сакаат, не чувствуваат одговорност кон човекот и кон животот

заробен во капитализмот, кој и ако „на тепка го убиеме“, нам кои
сме извалкани од нечистотијата на дното, не ни остава простор за
идеолошко и политичко реобмислување, туку само некој тип на веќе
познатиот концепт – „бегство на Запад“, вистината и фикцијата во
уметноста која умира, и надеж во духовното кое за жал тотално е
префрлено на спротивната страна од животот. Наместо да се живее
сега, наместо мисла која гледа на сè и секаде со „будно око“ за да
„згази сè старо, сè тесно и валкано и да создаде ново врз
фалсификатите и за жал политичките принципи на слободата,
убавината и почит кон луѓето, денешниот човек гледа и трпи
социјални неправди и газење на достоинството и при здрав разум
одобрува уништување, понижување, одземање на правото на
живот. Денес човекот ̶ ние, ние кои немаме емпатија за најблиските
во името на љубовта ̶ Бог, ние кои се преправаме дека реагираме
на сите неправди, оградувајќи се од одговорноста, треба да си
одговориме како стигнавме на дното. Еве јас ќе се обидам, мојата
земја Македонија многу долго преживува на дното. Во неа мојата
метастазирана другарка зад затворените врати на амбулантите,
бескрајно чека инјекција против болка… а јас, сум само гневна…
Билјана Крајчевска, драматург

Времетраење: 140 минути