Лекција
Автор: Ежен Јонеско
Режија: Ѓорѓи Ризески
Претставата се одигра на сцената на Театар Војдан Чернодрински на 13.06.2024
Превод на текстот: Калиопа Петрушевска
Сценографи: Ѓорѓи Ризески и Ефтим Трајчов-Ѓаурски
Костимографија: колективен избор
Кореограф: Бојан Мицев
Музика: Антонио Ристески
Дизајнер на плакатот: Александар Арсов
Фотограф за промотивен материјал: Александар Вржалски
Играат
Ефтим Трајчов-Ѓаурски – Професорот
Димитрина Мицкоска Трајкоска – Ученичката
Милорад Ангелов – Слугинката
Техничка екипа
раководител на сцена/мајстор на тон: Ѓорги Чапов; мајстор на
светло: Методи Саздов; суфлер: Лидија Рогожарева; гардеробер:
Верица Давчева; декоратери: Перо Иванов, Александар Талевски и
Даниел Крстевски.
„Не е така. Воопшто не е така. Постојано имате порив да собирате.
А треба и да се одзема. Не треба само да се припојува. Треба и да
се одвојува. Така е во животот. Така е во филозофијата. Така е во
науката. Во тоа е прогресот, цивилизираноста“. Во драмата
„Лекција“ според авторот Ежен Јонеско, концептот на целата
претстава се состои во самиот наслов кој е надополнување на
делото: „Лекција“. До него се стигна оправдувајќи го аспурдниот сам
по себе лик на „Професорот“, оправдувајќи го исто така и самиот
апсурд како изразно средство на најпознатиот по тоа апсурден
автор. Модерен крој добива силниот концепт на авторот поаѓајќи од
неговиот штоф преку режисерската призма во која јасно се говори
за денешните општествени проблеми од образовен како и од
напреден поглед на луѓето. Критиката е истакната преку луцидната
мисија на професорот кој не можејќи да се справи со новата
генерација решава макивејалистички да направи избор и селекција
на читавите од нечитавите суштества на планетата Земја – вршејќи
на некој начин – потполен од негов аспект – оправдан геноцид.
Физичкиот театар работен по стилот и правецот на Мејерхољд
добива присуство во играта како симболично изразно средство
генерално на главниот лик во претставата, истакнувајќи ја неговата
агресивност во делото, која се засилува сѐ повеќе и повеќе од
почетокот до крајот на играта – исто така со неа прогресираат и
самите кореографии кои се сѐ поистакнати кон крајот и
поинтензивни. Апсурдното на прв момент делува и невистинито – сѐ
додека не започнеме да се занимаваме со него.
Ѓорѓи Ризески
Времетраење: 70 минути