Кенди

Продукција: Театар „Златен Елец“ - Скопје

Автор: според романот „Кенди“: роман за љубовта и зависноста на Лук Дејвис, авторски текстови и документарни материјали од ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје

Режија: и адаптација: Тамара Стојаноска

Претставата се одигра на сцената на Камерна сала "Сцена 105" - НУЦК "Марко Цепенков на 11.06.2024

Продуцент: Бобан Алексоски
Музика: Лука Тошев
Вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Фотографија и видео: Тамара Малкоска
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска

Играат
Лео Поповиќ – Ања (Кенди)
Бобан Алексоски – Даниел

Техничка екипа
мајстор на светло: Тамара Стојаноска; музика во живо: Лука Тошев.

„Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната
зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски
текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје. Претставата е анатомија на
една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува,
станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и
траумите. Приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и
дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Најзначен
фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу
случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и
институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во
здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

Тамара Стојаноска

Времетраење: 105 минути