ИВАНОВ

Продукција: НУ Mакедонски народен театар

Автор: Антон Павлович Чехов

Режија: Зоја Бузалковска

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 08.06.2024

Превод од руски јазик: Драгица Најческа
Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценографи: Илина Ангеловска, Тодор Дајевски, Зоја Бузалковска
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Композитор: Давид Ангелевски
Инструктор за техника на качување и движење на карпа и
обезбедување со јаже: Александар Зарапчиев
Асистенти инструктори за техника на качување и движење на карпа
и обезбедување со јаже: Елена Диновска-Зарапчиев, Ангел
Куртелов и Раде Набаков
Кондициски вежби и сценски движења: Нина Деан
Видеодизајнер: Милан Блажевски
Уредници на програмскиот каталог: Мила Анѓелковиќ и Ивана
Јарчевска
Лектор на каталогот: Тодорка Балова
Дизајнер на програмскиот каталог: Димитар Димитров
Дизајнер на плакатот: Зоран Кардула
Фотограф: Кире Галевски

Техничка екипа
инспициент: Никола Кимовски; суфлер: Мирослав Атанасовски;
технички раководител: Гунтер Кубе; координатор на техничките
служби: Југослав Ацевски; инженер за светло: Даниела Атанасова;
светло-мајстор: Игор Митревски; оператор на светло: Игор
Ѓеоргиев; аудиодизајнери на ефекти: Александар Петровски и

Стефан Михајловски; мајстори на тон: Александар Петровски и
Стефан Михајловски; видеооператор: Драган Алексовски;
реквизитери: Павле Кралевски и Снежана Грнчаревска;
гардеробери: Валентина Чонкова и Скендер Бериша; шивачи:
Билјана Пешевска и Панче Стојменов; шминкери и фризери: Бранка
Пљачковска и Моника Грковска; манипуланти на горен и на долен
погон: Ивица Урдаревиќ, Васко Бојаџиски; декоратери: Зекирија
Алим, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Ибрахим Рамановски, Хусеин
Халили, Нерхан Османовски, Дурмиш Сефер, Саво Ивановски,
Васил Мешковски, Дејан Стамчевски и Мартин Китановски;
изведувачи на сценографијата: Татјана Христоска (раководител на
работилницата), Звонко Ристевски, Николче Стефановски, Методија
Томулевски и Владимир Петровски (изведувачи на метална
конструкција), Гоце Јанковски (изработка на пет железни седишта),
Дејан Спасовиќ (изработка на стилско биро), Ангел Петровски
(вајар), Зоран Миновски (бравар); раководител на маркетинг:
Сандра Стојмирова.

„Иванов“ од А. П. Чехов е ретко поставуван на македонските
театарски сцени. Ова е можеби драма на Антон Павлович во која
најпрепознатливо се огледува совремието, зашто го третира
проблемот на интелектуалецот заробен во светот на распаднат
морал и вредности, на апатија и здодевност, на ситни интереси и
исмеани илузии – на еден многу директен, остар и бескомпромисен
начин и јазик. Кај нас е малку познато дека постои верзија на
„Иванов“, првопоставена во Москва, а напишана во 1887 година,
која не е онаа чиј превод го имаме ние и која ја знаеме како
единствената отпечатена драма „Иванов“ на Чехов. И, за да нема
забуни, тука воопшто не мислам на „Бестатковштина“ или
„Платонов“, туку имено на драма која го носи истиот наслов. Првата
верзија на „Иванов“ напишана во 1887 година, од самиот Чехов е
дефинирана по жанр како комедија. Со неа тој дебитирал на
сцената како драматург. „Иванов“ е мисла за „скршеното“,
„изгубеното“ поколение на 80-тите години. Тој си дал задача да
создаде тип со литературно значење. Сакал да ја запечати
одликата на времето – карактерната болест на современите луѓе,

нивната душевна измореност, „кучешка старост“, протрчана
младост – карактерни признаци на рускиот живот во таа преломна
епоха. Во првата верзија доста нешта се разликуваат од втората,
онаа која ни е нам добро позната. Редефинирањето на жанрот во
драма доаѓа како резултат на затегање на структурата, со посебно
изразени промени на четвртиот чин, и особено на самиот крај на
драмата, т.е. свадбата и смртта на Иванов. Првата верзија на
текстот е, всушност, јасно и прецизно исцртување на намерите на
авторот и на неговите мисли и внатрешни превирања врзани со
најголемите дилеми на ликовите и нивните евентуални одлуки. А,
потребата да се пренапише истиот текст, во друг жанр и со
поинаков крај, само зборува за рапидното наголемување на
проблемите и влошувањето на амбиентот во тоа време, чувство кое
не ни е туѓо и непознато и нам веќе повеќе децении. Работејќи на
„Иванов“, Чехов барал нови драматуршки можности за создавање
на карактерите, решавал принципиелно нова уметничко-естетска
задача. Тој самиот ја дефинирал, велејќи дека во пиесата „не вовел
ниту еден злочинец, ниту еден ангел“, „никого не обвинил, никого не
оправдал“. Тажна комедија. „Целото дејство го водам мирно, а на
крајот му давам на гледачот по муцка“ (извадок од писмо до А. С.
Суворин). „Иванов“ е драма за предвреме остарениот Иванов
(сосем обично име за Русија, име земено како заеднички именител
на голема бројка на луѓе), старец на 35 години, преморен од
големите планови за животот, од пропаднатите амбиции, од
бескорисното школување, од презрената потреба да се биде
различен и да се избира и да се одлучува поинаку од стандардите и
нормите, да се живее надвор од очекуваното, да се инвестира во
пропаст… Кај Иванов е парализирана самата волја, способноста да
се дејствува. Одговорноста за средината се пренесува во драмата
на Чехов на личноста, деформирана од таа средина и неспособна
за самостојни, слободни решенија. Иванов станува човек „помеѓу“,
оди во рефлексија и откажување, кои му тежат и се претвораат во
осаменост, душевен студ, раздразливост, губење на воздржаноста
и трпението. Дејството, како и во сите драми на Чехов, се случува
во време на транзиција. Во време на чекање. Во време на тензија,
затишје, во време пред времето кое се чека да настапи… И така со
години, додека стареат, пропаѓаат, се откажуваат, бегаат, умираат –
најмоќните, најсилните, најпоткованите, најподготвените,
најпожртвуваните, наједуцираните… *** „Иванов“ како поставка е
комбинација од двете верзии на текстот. Адаптацијата ја користи

како основа за разработка втората верзија на текстот, со измени и
дополнувања преземени од првата верзија. Нашиот „Иванов“
зборува за судбината на интелектуалецот во ова време-невреме.
За немоќта да се справи со простотилакот на општеството, со
вулгаризацијата на сите заложби за враќање на вистинските
вредности. Тоа е претстава за човек подјаден од едно општество на
медиокритети, самозадоволни, самобендисани, просечни и
потпросечни, богати, влијателни личности, чија единствена опсесија
во животот се евтината забава, трачот, високата мода, форсирање
на естрадата и непрепознавање на квалитетот, но кои го диктираат
општиот однос, точка на гледање, „читање“ на „вредносните“
системи. Општество каде што просторот за оној кој има капацитет и
потенцијал е максимално стеснет, до степен на задушување.
Претставата зборува и за лихварството и материјалното ропство, за
маргините и за мејнстримот, за општеството без идеали и за
бесперспективноста на човековите напори да создава и да менува.
Во претставата има два пола. И тоа не се Иванов и Љвов или
Иванов и „средината“, како што би можело да се очекува, туку
Иванов и Саша. Двата пола, како надеж и безнадежност, верба и
разочарување, полетност и слом, почеток и крај. И сè во временски
и генерациски распон од само 16 години. Преку нив ги потенцирам
двете вистини: онаа на пројдениот пат и онаа на патот што допрва
треба да се врви. Иронијата и автодеструкцијата на оној кој го знае
крајниот исход и, моќта, цврстината, упорноста и неоткажувањето
на оној што допрва ќе го осознава. Претставата поставува многу
прашања, но основното е: Каде е местото на интелектуалецот во
современото општество? И, препознаен ли е воопшто денес
интелектуалецот како важна, стратешка, вредна ќелија на
општеството или е фрлен на маргините, како втор план, како
минорен фактор, срце третирано како слепо црево кое може во кој
било момент да се отсече, зашто овој организам не ја препознава
неговата функција на витален орган без кој не може да опстои.

Зоја Бузалковска

Времетраење: 180 минути со пауза