ХЕДА ГАБЛЕР

Продукција: НУ Драмски театар - Скопје

Автор: Хенрик Ибзен

Режија: Васил Христов

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 07.06.2024

Режисер: Васил Христов
Адаптација: Викторија Рангелова-Петровска и Васил Христов.
Сценограф: Васил Христов
Костимографка: Розе Трајчевска-Ристоска
Фотограф: Стефан Самандов
Дизајн на постер: Васил Христов

Играат
Сања Арсовска – Хеда Габлер Тесман
Зоран Љутков – Судијата Брак
Сара Климоска – Теа Тесман
Владимир Петровиќ – Јирген Тесман
Дениз Абдула – Ејлерт Левборг

Техничка екипа
инспициент: Жарко Намичев; технички раководител: Горјан Донев;
организатор на сценска техника: Стево Бојковски; мајстор на
светло: Дејан Блажевски и Митко Ризов; мајстор на тон: Димитар
Илиоски; суфлер: Милка Анчевска; реквизитери: Марко Вуковиќ и
Љупче Митревски; гардероберка: Рада Симоновска; шминкерка:
Јана Гогушевска-Мандевска; фризерка: Мерита Исени; сценски
декоратери: Амир Нуиши, Џелал Широки, Борче Стојановски и
Седат Широки.

Во 1890 година Хенрик Ибзен ја скандализира театарската јавност и
воопшто естаблишментот, создавајќи уште еден женски лик кој
отстапува од востановените општествени норми. Хеда Габлер како
една од најпознатите (анти)хероини во драмската литература
одигрува значајна улога во подигнување на свеста за женските
прашања. Ибзен создава женски лик кој одбива да живее и да им
служи на конвенциите на патријархалното општество. Нејзината
борба за автономност и потрага по совршенство како и нејзината
амбиција да поседува „машка моќ“ да може да влијае како врз
сопствената така и врз судбината на другите, резултира со убиство
на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја
симболизира борбата за родови права и еднаквост. Драмскиот
текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски
толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно
видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во
неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во
него да се интервенира во согласност со современите театарски
концепти, читања, толкувања условени и од општествените
промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното
здравје, кризата на идентитет и морално-етичките норми се во
фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина
стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат
проблематизираните состојби во современото општество.

Васил Христов

Времетраење: 100 минути