ФРАНКЕШТАЈН
Автор: Мери Шели
Режија: Кокан Младеновиќ
Претставата се одигра на сцената на Театар Војдан Чернодрински на 13.06.2024
Драматурзи: Димитрије Коканов, Драгана Лукан Николоски
Сценограф: Кирил Василев
Костимограф: Александра Пециќ-Младеновиќ
Композитор: Лука Кантарџиев
Текст за музика: Никола Ристески и целата актерска екипа
Кореографка: Олга Панго
Фотографија, дизајн на плакат и брошура: Соња Ставрова-Кирковски и Марија Мишева
Видеоматеријал: Емил Петро
Играат
Ангела Димитрова
Бојан Кирковски
Maтеа Јанковска
Наташа Петровиќ
Ненад Митевски
Никола Наковски
Симона Спировска
инспициент: Ирена Глигороска; мајстор на светло: Оливер Ставрев; мајстор на тон: Владимир Стефановски; изработувачи на костими: Љубица Велкова и Раде Василев; реквизитер: Бранкица Јордановска; шминкер: Игор Петрески; гардеробер: Мирка Ѓорѓиева; декоратери: Јовица Видески, Мирзат Камбери и Бујамин Селими.
Романот „Франкенштајн“ од Мери Шели ни послужи како повод за истоимената претстава која има цел да ги истражува различните практики на дискриминација во општеството во кое живееме. Прашањето кој е и што е; што може да биде и кој сè може да биде „чудовиште“, а пред сè прашањето кој проценува и одредува дека Другиот е чудовиштен – е темата на оваа наша претстава. Следејќи ги различните теориски и книжевни постапки од Франц Кафка, па преку Пол Б. Пресијад и други, се занимававме со прашањето на давање слобода на говор на оние на кои инаку не им е дозволено да зборуваат во јавниот простор. Ако „чудовиштето“ проговори, што ќе ни каже? На кој начин и заради што, ние луѓето едни со други се означуваме со погрешни, неприфатливи и застрашувачки? Во театарско-изведувачка смисла, јазикот на претставата се гради од практикување куклен театар, како основниот принцип на театарско оживување на неживи тела (објекти), до музичко, рап концертно изведување, како еден вид на социјално ангажиран музички одговор на политичките феномени од нашето секојдневие.
Димитрије Коканов, драматург
Времетраење: 60 минути