ДЕМОНОТ ОД ДЕБАР МААЛО

Продукција: НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ - Штип

Автор: Горан Стефановски

Режија: дизајн на костими и сцена: Наташа Поплавска

Претставата се одигра на сцената на Театар Војдан Чернодрински на 12.06.2024

Драматург: Габриела Тулиева
Сценски движења: Ирена Лозинска
Музички соработник: Ристо Вртев
Видеоанимации: Емил Петро – Артериа
Дизајн на постер: Ненад Манчев
Играат
Пеце Ристевски – Коце
Марија Минчева-Андонов – Мара
Ефтим Траjчов – Газдата
Валентина Ѓоргиевска – Старицата
Владимир Тулиев – Судијата
Миле Вратеовски – Џоџо
Анѓелка Нашкова – Шенген
Елена Шорова-Дербов – Претседателот
Раде Рогожарев – Старецот
Стефанија Митовска – Бисера
Даријан Петров – Иљо
Техничка екипа
раководител на сцена/мајстор на тон: Ѓорѓи Чапов; мајстор на светло: Методи Саздов;
видеобим: Ристе Стојановски; суфлер: Лида Рогожарева; декоратери: Перо Иванов,
Александар Талевски, Даниел Крстевски и Тоше Зафиров.

Во градот доаѓа Коце, или демонот, човекот кој по одлежување на затворска казна се враќа по
петнаесет години во својот град и не може да го препознае. Тој ја губи не само својата куќа,
туку и својата љубов, жената и својата ќерка. Единствено што препознава е единствената
крчма која останала во градот – крчмата на Мара. Мара, пак, со години го сака и го чека Коце,
иако Коце имал друга жена и ќерка. Откако Коце оди во затвор, жена му умира, а ќерката на
Коце e посвоена од неговиот другар, Судијата, кој всушност го става Коце во затвор. Тој е
човекот кој бил љубоморен на Коце, иако бил од богато семејство, тој можел да добие сѐ, само
не и жената на Коце, која тој исто така ја сакал. Судијата му ја менува судбината на Коце, го
става во затвор, сака да ја земе неговата жена и неговата ќерка, пробува да ја живее неговата
приказна. Коце, пак, полн со одмазда отвора берберница до крчмата на Мара и тука почнува
заплетот. Коце се ослободува од својата долгогодишна лутина, убивајќи ги сите сомнителни и
за него неподобни луѓе, чекајќи го денот кога во берберницата ќе дојде и неговиот другар,
Судијата. И тоа ќе се случи, ќе се видат очи во очи со човекот кој му ја смени судбината. Од
тука започнува расплетот на пиесата, Коце ќе дознае и каде му е ќерката и ќе ја најде, ќе го
остави Судијата да се задуши. Тој на крајот ги признава своите дела, но претседателот на

државата доаѓа и го прогласува Коце за херој, заради неговите донации кои ги дава во
општината со цел да го врати градот таков каков што некогаш бил. Коце станува херој на
градот, спасител од злото.

Наташа Поплавска

Времетраење: 90 минути