АЛО! АЛО!

Продукција: НУ Театар Комедија - Скопје

Автор: според британската ТВ-серија на Џереми Лојд и Дејвид Крофт

Режија: превод и адаптација: Синиша Ефтимов

Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 11.06.2024

Асистент на режисерот: Борјан Стојков
Сценограф: Илина Ангеловска
Асистент на сценографот: Марија Ѓоргиевска
Костимограф: Александар Ношпал
Асистент на костимографот: Ивана Каранфиловска
Дизајн на рекламен материјал и постер: Мартина Петковска

Играат
Атанас Атанасовски- Јорго
Жаклина Петровска- Сузе
Валентин Костадиновски- Началник, Асен Алберто, Берторели
Богданов
Сергеј Димоски- Хер Флик
Тони Денковски- Поручник Грубер
Виктор Арсов- Генерал Фон Шмелинг
Јаков Спасов- Симит
Столе Мицов- Пиги 
Илија Илиоски- Полковник Фон Штром
Наталија Теодосиева- Малина
Маја Љутков- Хилда
Елена Кузманов- Искра
Григор Јовановски- Пилот
Стефан Николовски- Пилот

Техничка екипа
инспициент: Александар Јорданов; суфлер: Зорица Манаскова-
Станковиќ мајстор на тон: Томи Анчов; мајстор на светло: Слободан
Илиоски гардеробери: Елизабета Стојчева и Љупчо Атанасоски;
реквизитери: Крон Красниќи и Жаклина Пецевска; декоратери:

Никола Николовски, Дејан Николовски, Арфен Ќамил и Владимир
Русјаков.

„Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на
човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на
насилството. Дејството е сместено во скопската кафеана „Кај
Јорго“, во окупираното Скопје за време на Втората светска војна.
„Кај Јорго“ е сврталиште на високите претставници на
фашистичкиот окупатор во Скопје и на членовите на Отпорот, а
сопственикот на кафеаната, Јорго, се труди да ги „менаџира“
односите со двете страни и да се одржи жив среде војната. Но,
неретко се заплеткува во компромитирачки ситуации, обидувајќи се
да ги балансира барањата на Отпорот и на фашистичките
чиновници, што резултира со напнати и комични расплети. Хуморот
во претставата го формираат многубројни зборовни игри,
двосмислености, каламбури, јазични сплетки и сатиризирање на
различни стереотипи и клишеа поврзани со минатото, но и со
сегашноста во Македонија.

Бисера Бендевска

Времетраење: 125 минути