ЕДМОНД

Автор: Дејвид Мемет
Режија: Оливер Мицевски
Претставата се одигра на сцената на НУЦК Марко Цепенков на 11.06.2026
Режија: Оливер Мицевски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Музика: Марјан Неќак
Дизајн на рекламен материјал и видео: Сашо Илковски
Играат:
Огнен Дранговски
Валентина Грамосли
Соња Михајлова
Марјан Георгиевски
Ана Грамосли
Борче Ѓаковски
Александар Стефановски
Филип Мирчевски
Викторија Степановска Јанкуловска
Маја Андоновска Илијевски
Времетраење: 65 минути
Датум на премиера: 28 јуни 2025
Претставата е наменета за возрасна категорија 18+
ЕДМОНД го следи вртоглавото/спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор. Богат со многу параболи, референции на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање што ЕДМОНД го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави, всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето/лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно мотото на ЕДМОНД е: „Внимавај што посакуваш.“ Иронично, Едмонд изјавува дека е конечно слободен и среќен дури на крајот, по сите перипетии, в затвор, со крајно лимитирана слобода на движење… Во времето во кое живееме, каде што многу лесно може да имаме сè, кога сè ни е достапно, кога нашето „силување“ на слободата нè направи најнесреќни луѓе во историјата на човештвото, ЕДМОНД на Дејвид Мемет е повеќе од потребен. Не како лекција, бидејќи не верувам во дидактичен театар/театар што испраќа пораки, туку како можност за рефлексија на сите нас, да се запрашаме кои сме, каде одиме и какви сакаме да бидеме.
Оливер Мицевски, режисер


