ДРАГА ЈЕЛЕНА СЕРГЕЕВНА

Автор: Људмила Разумовскаја
Режија: Шенај Мандак
Претставата се одигра на сцената на Камерна сала "Сцена 105" - НУЦК "Марко Цепенков на 10.06.2026
Режија: Шенај Мандак
Продуцент: Тадеа Павловска
Асистенти на продукција: Тара Џеладин, Алина Христовска
Костимoграф: Ивана Секулоска
Сценограф и дизајнер на плакат: Сихана Сејфулаји
Mузика: Лука Јанкулоски
Превод на македонски: Кети Дончевска-Илиќ
Режисер на трејлер: Мурат Жерка
Промотивни видеа и фотографии: Метин Лиман
Играат:
Сара Спиркоска
Стефанија Начевска
Озан Идрис
Ирена Димеска
Мартин Мазнев.
Времетраење: 60 минути
Датум на премиера: 9 септември 2025
„Драга Јелена Сергеевна“ е безвремена приказна која зборува за генерацискиот судир, ги поставува прашањата за моралниот судир, како на индивидуално така и на колективно ниво.
Во овој свет младите доаѓаат со својата експлозивна енергија, со желба за иднина и со подготвеност да ги поместат сите граници што им стојат на патот. Од друга страна стои наставничката, Јелена Сергеевна, која е симбол на идеалите, на принципите, на верата дека човековата етика е нешто што не смее да се предаде.
Конфликтот меѓу нив не е само генерациски. Тоа е конфронтација меѓу две визии за животот: светот на принципите и светот на компромисите. Претставата ги поставува прашањата за кои одбиваме да зборуваме. Дали правилата постојат за да нè заштитат или за да нè ограничат? Кога моралот станува пречка, а кога единствена заштита од корумпираното секојдневие? И дали младите треба да подлегнат на наложениот систем на функционирање или да треба се борат против него?
„Драга Јелена Сергеевна” не е претстава што нуди готови одговори. Таа нè тера да се соочиме со сопствените компромиси, со нашите двојни стандарди и со тивките оправдувања што секојдневно си ги кажуваме едни на други. Некои од нас ќе се препознаат во младешкиот жар, други во упорноста на наставничката, но сите заедно ќе го почувствуваме истиот немир: што останува од човекот кога моралот ќе стане предмет на пазарење?



