ЦРНИЛА

Автор: Коле Чашуле
Режија: Дејан Пројковски
Претставата се одигра на сцената на Камерна сала "Сцена 105" - НУЦК "Марко Цепенков на 6.06.2026
Режија: Дејан Пројкоски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Марија Пупучевска
Музика: Горан Трајкоски
Дизајн на плакат: Сергеј Светозарев
Играат:
Сара Спиркоска
Бобан Алексоски
Катерија Чакмакоска-Клинческа
Марија Спиркоска Илијеска
Александар Степанулески
Александар Тодески
Димитар Ѓорѓиевски
Михајло Миленкоски
Илија Волчески
Иво Ачански
Ангелина Тодеска
Давид Кочоски
Ива Малинческа
Техничка екипа: инспициент – Елена Иваноска, светло мајстор – Ристе Грковски, тон мајстор – Томе Темелкоски, сликар исполнител – Пеце Ристески, реквизитер – Гоце Тодороски, гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска, фризер-перикер – Даринка Богоеска, декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски.
Времетраење: 100 минути
Датум на премиера: 29 ноември 2025
Претставата е наменета за возрасна категорија 16+
„Црнила“ е психолошко-политичка драма за темната страна на револуцијата, за братоубиството и предавството. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, гледаме човечка слабост, но и она што останува од човекот кога идеологијата ќе го проголта. Сомнежите во сопствените постапки, чувството на вина и моралните дилеми на ликовите се вознемирувачки, затоа што и денес, како и толку многу пати низ историјата, ни покажуваат како се потфрла наспроти одговорноста и човечкото достоинство и како се прифаќа неправда во името на некаква друга цел. Идеалите се судираат со личната совест, а борбата за правда преминуваа во борба за опстанок. Ова е претстава за кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговор и идеолошка дисциплина. Вистинските „црнила“ не се историски, туку антрополошки: тие се појавуваат таму каде што човекот ја губи способноста да се избори за сопствено мислење и морален избор.



