Чернодрински 2018

На минатогодишниот МТФ „Војдан Чернодрински“ во официјалната програма учествуваа: НУ Македонски народен театар – Скопје „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и Александар Морфов; НУ Народен театар – Битола „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу и текстови на режисерот и драматургот Билјана Крајчевска; Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп „Клетници“ од Виктор Иго; НУ Театар за деца и младинци – Скопје „Еднаш свет изградив“ работена по мотиви од романот „Сидарта“ на германскиот нобеловец Херман Хесе; НУЦК „Антон Панов“ – Народен театар – Струмица „Царот Владислав“ од Борис Јанков; НУ Турски театар – Скопје „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир; НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза; НУ Театар „Комедија“ – Скопје „Дони Дарк“ работена по мотивите од Леонард Герш; НУ Албански театар – Скопје „Жените“ од Роберт Томас; НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Театар Велес „Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана; НУ Драмски театар – Скопје „Лет над кукавичјото гнездо“ од Дејл Васерман/Кен Киси; Продукција „АРТОПИЈА“ – Скопје „Ужегнатост“ од Иван Вискочил.

Оценувачката комисија на 53-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, во состав Мими Таневска – Србиновска (претседател) и членовите Јасна Новаков и Драган Спасов Дац, ги доделија следните награди:

1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ СЕ ДОДЕЛУВА НА НГАДЊИМ МЕХМЕТИ ОД ПРЕТСТАВАТА „ЖЕНИТЕ“ ВО ИЗВЕДБА НА АЛБАНСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

2. НАГРАДА ЗА МУЗИКА СЕ ДОДЕЛУВА НА ГРУПАТА ФОЛТИН ВО ПРЕТСТАВАТА „КЛЕТНИЦИ“ ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ОД ПРИЛЕП

3. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА МАРИЈА ПУПЧЕВСКА И БРАНКИЦА ЈОРДАНОВСКА ВО ПРЕТСТАВАТА „УЖЕГНАТОСТ“ НЕЗАВИСНА ПРОДУКЦИЈА „АРТОПИЈА“ – СКОПЈЕ

4. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА ВАЛЕНТИН СВЕТОЗАРЕВ И НИКОЛА ТОРОМАНОВ ЗА ПРЕТСТАВАТА „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ВО ИЗВЕДБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР – СКОПЈЕ

5. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЕБРУ МУСЛИ ЗА УЛОГАТА КОРДЕЛИЈА ВО ПРЕТСТАВАТА „КРАЛ ЛИР“ ВО ИЗВЕДБА НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР ОД СКОПЈЕ

6. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ СЕ ДОДЕЛУВА НА АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИ ЗА УЛОГАТА НА НИНО ВО ПРЕТСТАВАТА „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ВО ИЗВЕДБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР – СКОПЈЕ

7. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА НАТАША ПЕТРОВИЌ ВО ПРЕТСТАВАТА „ЕДНАШ СВЕТ ИЗГРАДИВ“ ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ – СКОПЈЕ

8. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ СЕ ДОДЕЛУВА НА ГОРАЗД ЦВЕТКОВСКИ ЗА УЛОГАТА НА РАМБО ВО ПРЕТСТАВАТА „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ВО ИЗВЕДБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР – СКОПЈЕ

9. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА АНГЕЛА НАУМОСКА ЗА УЛОГАТА НА ФАНТИН ВО ПРЕТСТАВАТА „КЛЕТНИЦИ“ ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ПРИЛЕП

10. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА САШКО КОЦЕВ ЗА УЛОГАТА НА ЧИКИ ВО ПРЕТСТАВАТА „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ВО ИЗВЕДБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР – СКОПЈЕ

11. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА ГОРЈАН МИЛОШЕВСКИ ЗА ДРАМАТИЗАЦИЈАТА НА РОМАНОТ „КЛЕТНИЦИ“ ОД ВИКТОР ИГО ВО ПРЕТСТАВАТА „КЛЕТНИЦИ“ НА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ПРИЛЕП

12. СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕН АКТЕРСКИ ИЗРАЗ И ИНОВАТИВЕН ПРИСТАП КОН СВЕТСКАТА КЛАСИКА СЕ ДОДЕЛУВА НА ПРЕТСТАВАТА „КРАЛ ЛИР“ ВО ИЗВЕДБА НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

13. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА ДИЕГО ДЕ БРЕА ЗА ПРЕТСТАВАТА „КРАЛ ЛИР“ ВО ИЗВЕДБА НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

14. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА ПРЕТСТАВАТА „КЛЕТНИЦИ“ ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ПРИЛЕП