Петок Сабота Недела Понеделник Вторник Среда Четврток Петок
. : English : .
 
   MTF оваа година
 
WebDesign: KM-SoftLab.
  ЗА ФЕСТИВАЛОТ
 
  МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ
"ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ" - ПРИЛЕП
 

Македонскиот театарски фестивал "Војдан Чернодрински" е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.

Првата претстава на овој реномиран фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година.

На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски/драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво.

Фестивалот има натпреварувачки карактер во ОН и ОФФ програмата.

За афирмирање на македонското драмско творештво надвор од државата во ОФФ програмата според пропозициите на Фестивалот учествуваат и претстави од други држави кои се работени врз текстови од македонски автори.

Фестивалот е од посебен државен интерес и единствен од ваков вид Финансиран од Министерството за култура на Р.Македонија, Локалната самоуправа и од донации и спонзорства.

Уметнички директор на Фестивалот е Ѓунер Исмаил, кој ја следи целокупната театарска продукција и предлага концепт за ОН и ОФФ програмата како и останатите содржини на Фестивалот.

Директор на Фестивалот е Кирил Ристоски, актер и професор на Факултетот за драмски уметности - Скопје.